Дали знаете кој норвешки град го носи епитетот „Венеција на северот“?

Дали знаете кој норвешки град го носи епитетот „Венеција на северот“?

Првите нешта што ни паѓаат на ум кога станува збор за Норвешка е прекрасната природа, Осло и скапиот алкохол. Сепак, Норвешка е голема земја и иако е ретко населена има многу места кои вредат да бидат посетени. На пример, ако се одлучите да ги посетите фјордовите и езерата по должината на Норвешкото Море можете да го посетите и градот Трондхајм, трет по големина во Норвешка. Она што е посебно карактеристично за него е епитетот „Венеција на северот“.

Дали знаете кој норвешки град го носи епитетот „Венеција на северот“?

Со своите шарени куќи наредени покрај реката Ниделвен, Трондхајм потсетува на Амстердам или Копенхаген. Градот располага со музеи како Музејот на уметноста и Националниот музеј за дизајн.

Најчестото превозно средство овде е велосипедот поради што овој град е прогласен за „највелосипедскиот град“ во Норвешка. Друго превозно средство (и доста романтично!) се традиционалните чамци со кои можете да пловите по реката што минува низ градот.

Задолжително посетете ја и катедралата Нидарос која се издвојува како една од главните атракции на градот. Станува збор за прекрасна готска катедрала која се одликува со дури 5.000 скулптури. Овде е погребан норвешкиот крал од 11 век, Олаф II Харалдсон, кој бил прогласен за светец и заштитник на нацијата.

Дали знаете кој норвешки град го носи епитетот „Венеција на северот“?

Кога сме кај скулптурите на катедралата, немојте да се изненадите ако нечие лице ви изгледа познато. Имено, дел од модерните статуи биле инспирирани од наши современици. Така, ако погледнете кон врвот ќе видите статуа на Архангел Михаил која потсетува на познатиот музичар Боб Дилан. Тоа не е случајно: скулпторот навистина го користел лицето на Дилан како модел за оваа статуа.

Дали знаете кој норвешки град го носи епитетот „Венеција на северот“?

Но, можеби најважното нешто по што овој град е познат е неговата гастрономска понуда. Многу познати списанија го вбројуваат во најдобрите гастрономски дестинации, а следната година овде ќе се одржи церемонијата за доделување награда за најдоброто сирење во светот.

Откако прочитавте за овој шармантен норвешки град, можеби ќе сакате да прочитате и 25 факти за една од најневеројатните европски земји – Норвешка.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар