Колку милиграми цинк треба да се внесуваат секој ден за здрав имунитет?

Колку милиграми цинк треба да се внесуваат секој ден за здрав имунитет?

Цинкот е заштитник на имунитетот, го штити телото од бактерии и вируси и е неопходен минерал во одбраната на организмот од инфекции.

Колку милиграми цинк треба да се внесуваат секој ден за здрав имунитет?

Ни помага да растеме, да се развиваме и да дишеме. Станува збор за минерал кој игра важна улога во правилното функционирање на нервниот, кардиоваскуларниот и репродуктивниот систем. Една од неговите најважни улоги е создавањето протеини и синтезата на ДНК, а исто така силно влијае и врз либидото. Не само што нè штити од бактерии и вируси туку и го намалува заморот, болките во зглобовите и проблемите со кршливи нокти.

Недостатокот на цинк може значително да ги одбранбените способности на организмот. Освен тоа, може да се појават и други проблеми како: сува кожа, импотенција, дијареја, опаѓање на косата, губење на апетитот…

Со оглед на тоа дека човечкото тело не може самостојно да произведува цинк, тој мора да се внесе преку соодветна исхрана.

Колку цинк ни е потребен секој ден?

Иако цинкот е важен за организмот, сепак на телот не му требаат големи количини од овој минерал. Затоа, не треба да се претерува со додатоците во исхраната, а прекумерното внесување на цинк може да доведе и до проблеми како послаба апсорпција на бакар.

Нутриционистите ги препорачуваат следните количини на дневна база:

  • возрасни жени – 8 милиграми на ден
  • возрасни мажи – 11 милиграми на ден
  • бремени жени – 11/12 милиграми на ден
  • доилки – 12 милиграми на ден
  • деца до 3 години – 3 милиграми
  • деца од 4 до 8 години – 5 милиграми
  • деца од 9 до 13 години – 8 милиграми

Каде може да се пронајде цинк?

Цинкот најдобро се апсорбира од храна од животинско потекло како што е говедското месо, јајцата и морските плодови, но не треба да се занемарат и растителните извори.

Храна која е богат извор на цинк:

  • морска храна (особено остриги)
  • месо (говедско, телешко, јагнешко)
  • јајца
  • млечни производи
  • темно чоколадо
  • ориз
  • мешунки (грав, наут, леќа)

Откако прочитавте колку цинк ни е потребен секој ден, можеби ќе сакате да прочитате и како да откриете дали на вашето тело му недостасува цинк.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар