Неделен хороскоп од 22 до 28 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Неделен хороскоп од 22 до 28 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Што ни предвидоа астролозите за оваа недела? Прочитајте во продолжение!

Неделен хороскоп од 22 до 28 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци оваа недела?

Овен

Љубов: Ќе се опуштите и ќе го промените вашиот стил на заведување. Саканата личност со задоволство ќе разговара со вас, а тоа ќе ве зближи уште повеќе. Доколку сте сами ве очекуваат нови познанства.

Кариера: Во соработка со млади луѓе или нови колеги ќе покажете повеќе емоции отколку што е потребно. Внимавајте да не оставите впечаток на непрофесионална личност и запомнете дека добрата подготовка ќе ви донесе поголеми резултати.

Бик

Љубов: Она за што најмногу ќе се грижите во животот ќе биде забавата. Нема да се стремите кон сериозна врска, но доколку тоа се случи, ќе ја прифатите.

Кариера: Оставете ги другите докрај да ги искажат своите идеи и внимателно слушајте ги. Во овој момент тоа ќе биде многу подобро отколку самите да се справувате со сите обврски. бидете разумни, трпеливи и верувајте дека сè ќе си дојде на свое место.

Близнаци

Љубов: Ќе сфатите дека не може ништо добро да произлезе од расправиите. Подобро е да се повлечете и да размислувате во тишина дури и за она што не ви се допаѓа. Освен тоа, најдете начин да се опуштите и да се фокусирате на вредните нешта во вашиот живот.

Кариера: Цела недела вниманието ќе ви биде насочено кон решавање важно финансиско прашање. Ќе размислувате и за инвестирање, распределба на средствата или кофинансирање. Сепак, не заборавајте да останете реални и професионални докрај.

Рак

Љубов: Ова ќе биде идеален момент за да направите самоанализа и интимно да се преиспитате себеси. Освен тоа, самотијата ќе ви годи бидејќи ќе ви помогне да сфатите дека сте подготвени за подлабоки промени или нови работи.

Кариера: Не инсистирајте на вашите идеи особено не сега кога ќе се влошат односите со вашите надредени. Издржете го целиот период така што ќе бидете трпеливи.

Лав

Љубов: Малите тензии ќе ја зголемат вашата нетрпеливост. Обидете се да гледате на животот со повеќе хумор и да се отворите пред луѓето кои знаете дека ве сакаат. Тоа ќе ви помогне да се справите полесно со сите предизвици.

Кариера: Ќе работите со леснотија можеби бидејќи ќе имате повеќе енергија и волја од другите. Ќе внесете поголема креативност во работата и со задоволство ќе им покажете на другите не само што сте направиле туку и што тие би можеле да направат за да бидат подобри.

Девица

Љубов: Одвреме-навреме ќе ви спласнува љубовното расположение, но ќе најдете малку задоволство во сето она што ве опкружува. Можеби и нема да имате толку многу љубовни можности, но сето она што го изградивте досега ќе биде гаранција дека овие денови ќе поминат мирно.

Кариера: Сè уште не сте свесни за придобивките од новата фаза во која влегувате, но ќе ги почувствувате интуитивно бидејќи интуицијата ќе ви биде главниот водич оваа недела. Доколку се посомневате во нешто, застанете и обидете се да го слушнете внатрешниот глас. Тој нема да погреши.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар