rn
Вага
rnЉубов: Доколку сте во врска ве очекуваат незаборавни мигови на уживање со партнерот, а доколку не сте, астролозите ви препорачуваат да бидете трпеливи и да не избрзувате со додворувањата и флертувањата.rnrnКариера: Иако моментално нема да бидете во можност да ги остварите вашите замисли, тоа не значи дека малите чекори не се знак за успех. Внесете и повеќе креативност за да бидете поуспешни во она што го работите.rnrn
rn
Шкорпија
rnЉубов: Конечно ве очекува подобрување на односите, но тоа нема да им стави крај на расправиите. Затоа контролирајте се и не реагирајте на секоја провокација.rnrnКариера: Во овој период ќе ви бидат ветени многу работи, па така ќе имате чувство дека ви се нуди работа од бајките. Затоа, неопходно е да останете реални и претпазливи докрај.rn
Стрелец
rnЉубов: Вашиот социјален живот ќе стивне, а вам ќе ви биде драго поради тоа. Спокојот ќе ве освежи и ќе ви ги наполни батериите, а освен тоа нема да изостанат моментите на хармонија со саканата личност.rnrnКариера: Оваа недела на некои од вас ќе им донесе пресврт во работата или кариерата. Цела недела ќе бидете во исчекување да се среди оваа ситуација и како што одминуваат деновите сè ќе ви изгледа уште покомплицирано. Сепак, брзо ќе сфатите за што станува збор.rn
Јарец
rnЉубов: Доколку сте во врска ве очекува привремен турбулентен период, па затоа треба да покажете многу самоконтрола и толеранција. Најдобро е да не навлегувате во непотребни расправии.rnrnКариера: Ништо не е случајно, па ни тоа што моментално ви се случуваат многу работи кои никому не би ги посакале. Сепак, најлошото помина и сега полека ќе ги преземете работите во свои раце. Сè ќе оди постепено и затоа нема потреба од брзање.rn
Водолија
rnЉубов: Сериозноста на вашите намери може да ја исплаши другата страна. Се чини дека сега знаете што е тоа што го сакате и очекувате од вашата сакана личност. Сепак, ќе ви биде потребно повеќе трпение и стратегии за да ги разјасните нештата докрај. Бидете толерантни.rnrnКариера: Нема да бидете задоволни со приходот бидејќи сметате дека можете да постигнете многу повеќе. Ограничувањата ќе се јават како резултат на надворешни околности и никој нема да може да ги забрза работите. Сепак, обидете се да останете колку што е можно пореални.rn
Риби
rnЉубов: Многумина од вас ќе им се препуштат на озборувањата без да ви падне на памет дека и вие можете да бидете мета на туѓите озборувања. Затоа најдобро би било првин да ги средите вашите односи, а потоа да ги анализирате туѓите.rnrnКариера: Ви претстојат денови кои ќе ви донесат можност да покажете колку сте креативни во вашата професија. Ќе наидете и на предизвик кој со задоволство ќе го прифатите и на тој начин ќе им ги покажете на другите вашите таленти и способности.rnrnОткако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во август.rnrnИзвор: atma.hr
