КАФЕ ПАУЗА

На кој начин може да се влоши депресијата?

На кој начин може да се влоши депресијата?

Written by

in

,

Дали се соочувате со влошување на депресијата? Доколку постојано сте опседнати со депресивни мисли дури и ако се обидувате да ги одбегнете, можеби е време да размислите за менување на вашите секојдневни навики.rnrnНа кој начин може да се влоши депресијата? rn

1. Често ја избегнувате дневната светлина

rnДали знаевте дека недостатокот на Д витамин може значително да ја влоши депресијата? Витаминот Д кој го примаме преку сончевите зраци ги зголемува нашите хормони за среќа и ја подобрува нашата целокупна благосостојба. Така, доколку сакате да ги истуркате депресивните мисли доволно е да излезете на прошетка и да уживате во денот.rn

2. Нарушено спиење

rnНередовното спиење е уште една причина за влошување на вашата депресија. Освен тоа, недоволното спиење не само што може негативно да влијае врз вашето расположение туку тоа може сериозно да му наштети на вашето ментално здравје.rn

3. Изолација и избегнување социјални интеракции

rnЛуѓето кои се борат со депресија честопати се изолираат од своите сакани и избегнуваат секаков вид на социјална интеракција. Тие честопати чувствуваат дека се товар за другите и дека непотребно им го окупираат времето или дека понекогаш не чувствуваат потреба од разговор. Но, оваа самонаметната изолација е една од причините за влошување на депресијата. Ние сме по природа социјални суштества и затоа ни е неопходен одреден социјален контакт за да се чувствуваме подобро.rn

4. Јадење нездрава храна

rnПонекогаш ни се чини дека единствениот начин да се утешиме во моментите на очај е нездравата, брза храна полна со маснотии. Сепак, не треба да заборавиме дека здравата и урамнотежена исхрана е многу подобар и поздрав начин за подобрување на нашето расположение.rnrnОткако прочитавте на кој начин може да се влоши депресијата, можеби ќе сакате да прочитате и за раните симптоми на депресија кои не смеете да ги занемарите.rnrnИзвор: themindsjournal.com