Како куркумата може да ви помогне во борбата против оксидативниот стрес?

Како куркумата може да ви помогне во борбата против оксидативниот стрес?

Ајурведата ја користи куркумата во борбата против оксидативниот стрес околу 4000 години. Можете да ја вклучите оваа древна билка во вашето секојдневно мени како додаток во јадењата со кари или како чај, но исто така можете да ја консумирате и како суплементи.

Како куркумата може да ви помогне во борбата против оксидативниот стрес?

Слободните радикали се одговорни за создавање оксидативен стрес во телото, а тоа може да резултира со сериозни здравствени проблеми. Од друга страна, зголемената антиоксидантна активност во телото придонесува за подобрување на целокупното здравје.

Истражувањата покажале дека куркуминот ги подобрува маркерите на оксидативниот стрес при што обезбедува голем број на предности за целиот организам. Научниците откриле дека биохемиската структура на куркуминот ги неутрализира слободните радикали и го штити телото од оксидативниот стрес.

Освен тоа, пиперинот, главната биоактивна состојка на црниот пипер, во комбинација со куркумата овозможува таа целосно да делува врз организмот.

Откако прочитавте за кукркумата и нејзиното влијание врз оксидативниот стрес, можеби ќе сакате да прочитате и за природното избелување на забите со куркума.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар