Транзит на Марс низ Бик: Големи успеси ги очекуваат овие 3 хороскопски знаци!

Транзит на Марс низ Бик: Големи успеси ги очекуваат овие 3 хороскопски знаци!

Транзитот на Марс низ знакот Бик започна на 5 јули и ќе остане во овој знак сè до 20 август 2022 година. Астролозите ни предвидуваат период на реализирање на многу планови, но и соочување со тешки одлуки и предизвици.

Транзит на Марс низ Бик: Големи успеси ги очекуваат овие 3 хороскопски знаци!

За време на овој транзит, Марс е поврзан со Венера и се обидува да ги исполни сите нејзини желби во поглед на љубовта, материјалната состојба и задоволството. Сепак, тоа не значи дека треба да очекуваме премногу бидејќи Марс е бавен, а Венера е планетата на дејствувањето. Така, во следниот период нема да отсуствува акцијата, но таа ќе биде бавна и конструктивна.

Освен тоа, астролозите ве советуваат дека можете да постигнете големи работи само кога ќе најдете заеднички јазик со другите – во личните и во деловните односи. Енергијата на Марс нè поттикнува на дејствување, ни дава сила и нè тера да го направиме она за кое долго време размислуваме.

Транзитот на Марс низ Бик ќе биде најповолен за претставниците на знаците Бик, Девица и Јарец. Во следниот период тие ќе бидат активни, динамични, полни со инспирација и подготвени за големи достигнувања. Пречките, пак, на кои ќе наидат, можат да бидат мали и незначајни и лесно ќе се справат со нив.

Ова ќе биде и продуктивен период за претставниците на Рак и Риби. Кај нив клучниот елемент кој ќе им помогне да ги постигнат своите цели ќе биде тимската работа. Не се исклучува можноста дека ќе пронајдат работа која ќе им донесе стабилни приходи.

Од друга страна, периодот ќе биде потежок за претставниците на знакот Шкорпија. Тие ќе мораат постојано да се справуваат со неистомисленици, а тоа може да значи конфликти, расправии и несогласувања.

Претставниците на знаците Лав и Водолија ќе мораат напорно да работат додека другите одмараат.

Претставниците на Овен, Близнаци, Вага и Стрелец ќе донесат мудри одлуки под влијанието на Марс, а тоа ќе придонесе да се чувствуваат господари на нивните животи.

Откако прочитавте кои 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќните во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува вистинска летна авантура.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар