Некои успокојувачки, други застрашувачки, секоја од овие бабини деветини звучи познато, а истите имаат потекло од Индија. Интересен начин да се потсетиме на овие суеверија, осмислила илустраторката Аличија Соџа од Бангалор, Индија.rnrnДоколку не можете да заспиете навечер, тоа значи дека сте будни во нечии туѓи соништа.rnrnСечејќи нокти навечер ги повикувате духовите или несреќата.rnrnДоколку првото нешто што ќе го видите наутро е метла, нешто лошо ве очекува.rnrnАко бебе се роди со два вртежи на темето на главата, два пати ќе се мажи/жени.rnrnДоколку ви се истури чај додека го сипувате во шолја, имате чисто срце.rnrnДоколку го изедете последниот залак од десерт кој го делите со некој друг, ќе имате верен сопруг.rnrnДоколку видите виножито и си замислите желба додека допирате злато, истата ќе ви се оствари.rnrnДоколку му дадете некому нешто во петок, никогаш нема да го добиете назад.rnrnДоколку вторите прсти на стапалата на жената ѝ се подолги од палците, таа ќе доминира во бракот.rnrnДоколку кивнете непосредно пред да излезете од вашиот дом, тоа носи несреќа.rnrnДоколку си го гризнете јазикот додека јадете или зборувате, некој зборува нешто лошо за вас.rnrnПродолжува на следната страна…rn