КАФЕ ПАУЗА

Вкусот на свежата музика

Вкусот на свежата музика

Written by

in

Некои свират на пијано, други пак на виолина. Најважно е тоа што овие музиканти не треба да ги наштимаат своите инструменти. Нив им е битно само тие да бидат свежи. Па нели музиката не познава граници?rn

Вкусот на свежата музикаThe Vegetable Orchestra или Оркестарот на зеленчуци, буквално ја сфати оваа реченица и сега тие прават музика од морков, пиперки, краставици, зрнести продукти и модри патлиџани.Вкусот на свежата музикаОркестарот е основан 1988 година во Виена и брои 11 членови чии професии се најразлични – од професионални музичари до архитекти, поети и дизајнери – сите ентузијасти и луѓе кои вистински ја сакаат музиката.Вкусот на свежата музикаНастапуваат секаде низ светот во Америка, Англија, Франција, Германија, Австрија, Шпанија, Русија.rnПогледнете го клипот кој покажува како ги подготвуваат зеленчуците за настап и слушнете како живо и свежо звучи нивната музика.

rnrnrnОркестарот на зеленчуци на својот репертоар има музика од повеќе музички жанрови: џез, електорнска експериментална музика, ориентална хаус музика, па дури и компонираат своја. Интересно за овој оркестар е тоа што после секој нивни настап, на публиката им нудат да ги вкусат нивните „инструменти“.Вкусот на свежата музика