Откако за прв пат стапнале на територијата на денешниот град Камп Верде во американската сојузна држава Аризона, европските доселеници забележале огромна градба издлабена во карпите. Тоа бил замокот Монтезума.rnrn
rnrnОтпрвин сметале дека замокот бил изграден за време на владеењето на познатиот цар на Ацтеките, Монтезума. Деновите ги поминувале на ова место восхитувајќи му се на дворецот.rnrnИако името останало до денес, сепак археолошките истражувања покажале дека императорот Монтезума немал никаква врска со изградбата на замокот. Всушност, се работело за живеалиште на народот Синагва кое живеело на овој простор во периодот помеѓу 8 и 15 век, а замокот бил изграден околу 1100 година.rnrnКаменото живеалиште се состоело од 20 соби, а до него се стигнувало преку скали на стрмните варовнички карпи кои биле високи до 27 метри.rnrnИако наликува на замок, всушност се работи за антички станбен комплекс.rnrnЌе се согласите дека се работи за импресивен потфат, па така замокот бил прогласен за национален споменик во 20 век од страна на Теодор Рузвелт.rnrnОткако прочитавте за дворецот Монтезума, можеби ќе сакате да прочитате и за австрискиот замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Дали знаевте дека овој замок е стар околу 1000 години?
