Сиромашните луѓе побрзо го препознаваат страдањето на другите луѓе и повеќе го покажуваат нивното сочувство, во однос на оние од средната и високата класа, вели едно ново истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.rnrn
rnrnВо студијата биле вклучени 300 млади луѓе, кои биле поделени во групи и им биле направени три експерименти, чија цел била да се процени нивното ниво на соживување и емпатија.rnrnЏенифер Стелар, која е социјален психолог и автор на ова истражување, вели дека резултатите покажале дека постои култура на разбирање и соработка кај индивидуите од пониските класи, кои можеби произлегуваат од нивниот страв од нарушување на благосостојбата.rnrn
„Ова не значи дека богатите луѓе имаат студено срце, туку тие можеби не се толку вешти да ги препознаат знаците и сигналите на туѓото страдање, бидејќи тие не морале да се справуваат со толку многу препреки во нивните животи,“ – објаснува таа.
rnРезултатите исто така покажале дека луѓето кои имаат пониска социо-економска заднина, подобро функционираат кога работат тимска работа, за разлика од богатите луѓе.rnrn
„Луѓето од повисоката класа се повеќе фокусирани на себеси, бидејќи израснале со поголема слобода и независност,“ – објаснува Стелар. „Тие имаат натпреварувачки дух, поради што подобро им оди кога работат индивидуална работа.“
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
