КАФЕ ПАУЗА

Како да го одржувате мозокот во добра форма?

Како да го одржувате мозокот во добра форма?

Кои се знаците кои укажуваат на тоа дека на мозокот му е потребна повеќе грижа и внимание? Прочитајте во продолжение!rnНарушената когнитивна функција и проблемите со спиењето се најчестите показатели за тоа дека треба да обратите повеќе внимание за грижата на мозокот. Впрочем, без разлика колку години имате, грижата за мозокот треба да ви биде еден од главните приоритети.rnrnКако да го одржувате мозокот во добра форма?rn

Знаци кои укажуваат на потреба за поголема грижа на мозокот:

rn1. Заборавате многу почесто отколку пораноrnrn2. Имате тешкотии при донесувањето одлукиrnrn3. Имате проблеми со спиењетоrnrn4. Честопати чувствувате фрустрацијаrnrn5. Немате мотивацијаrnrn6. Не можете да се фокусиратеrnrn7. Не можете да се справите со стресотrn

Како да го одржувате мозокот во добра форма?

rn

Внесувајте храна која поволно влијае врз здравјето на мозокот

rnОбидете се да вклучите во вашето секојдневно мени повеќе намирници кои се состојат од омега-3 масни киселини, Б витамин, Д витамин и Ц витамин за да ја подобрите вашата когнитивна функција, но и менталната благосостојба. Храната како риба, лиснат зеленчук, темното чоколадо и рузмаринот содржат микронутриенти и фитонутриенти кои ја нормализираат работата на мозокот.rn

Спијте доволно

rnНа вашиот мозок му е потребно време за одмор. Додека спиете, мозокот ги регенерира вашите клетки, а според некои научници, токму сонот е најважен за здрав мозок.rn

Бидете активни

rnСпоред истражувањата, петминутна пауза проследена со кратки, мали вежби е сè што ви е потребно за да се регенерира мозокот. Освен тоа, научниците откриле и дека вежбањето помага да се зголеми нивото на протеин кој придонесува за подобрување на меморијата.rnrnОткако прочитавте кои се знаците кои укажуваат на нарушена функција на мозокот и како да го одржувате во добра форма, можеби ќе сакате да прочитате и како тишината влијае врз мозокот.rnrnИзвор: mindbodygreen.com