Рецепт за торта од чоколадо и кафе: Вкусна и едноставна!
Чоколадото и кафето се совршен пар. За тоа сведочат бројните рецепти за десерти познати ширум светот, почнувајќи од италијанското тирамису. Денес ви споделуваме рецепт за колач од чоколадо и кафе. За него ќе ви бидат потребни малку повеќе време и трпение, но ве уверуваме дека на крајот сиот ваш труд ќе се исплати.
Потребни состојки за тесто:
- 450 грама шеќер
- 375 милилитри слатка павлака
- 300 грама брашно
- 250 грама путер
- 85 грама какао
- 60 милилитри разладено еспресо
- 6 големи јајца
- 2 лажици инстант кафе
- 1,5 лажичка прашок за пециво
- 1 лажица виски
- 1 лажичка екстракт од ванила
- прстофат сол
Потребни состојки за фил:
- 450 грама путер
- 300 грама шеќер
- 100 милилитри вода
- 85 грама млечно чоколадо
- 5 белки
- 1,5 лажица разладено еспресо
- 1 лажичка мед
- 1 лажичка рум
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. Подгответе три калапи за колачи со дијаметар од 20 сантиметри.
2. За подготовка на тестото: во сад измешајте ги брашното, какаото, кафето, прашокот за пециво и солта. Измешајте ги сите состојки.
3. Во друг сад измешајте ги слатката павлака, еспресото, вискито и екстрактот од ванила.
4. Со миксер изматете ги шеќерот и путерот за да добиете изедначена смеса. Додадете ги јајцата и мешајте сè додека состојките не се соединат.
5. Сите состојки префрлете ги во друг сад и мешајте додека смесата не се соедини, а потоа распределете ја во трите калапи.
6. Печете околу половина час. Извадете го тестото од рерната и оставете го да се олади.
7. За подготовка на филот: загрејте ги водата, шеќерот и медот во мало тенџере. Кога течноста ќе зоврие, продолжете да мешате сè додека не се стопи шеќерот. Смесата која ќе ја добиете треба да личи на сируп.
8. Во блендер измешајте ги белките. Изладениот сируп префрлете го во белките и продолжете да мешате. Внимавајте да не биде врел!
9. Додадете путер и продолжете да мешате. На крајот додадете ги еспресото, растопената млечна чоколада и румот.
10. Испечените кори наредете ги една врз друга и намачкајте ги со по еден слој од филот. Ставете го колачот во фрижидер пред сервирање.
11. Украсете ја тортата со парчиња чоколадо или чоколадни трошки. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за торта со чоколадо и кафе, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за црно-бела чоколадна торта која не се пече.
Извор: punkufer.dnevnik.hr