Рецепт за зајакнување на имунитетот: Потребни ви се само 3 состојки!
Станува збор за рецепт кој го зајакнува имунолошкиот систем, му помага на телото да се спротивстави на вирусите и ги ублажува заморот, стресот и напнатоста. Згора на тоа, штити и од настинки.
Потребни состојки:
- 5-6 лимони
- 70 грама ѓумбир
- 300 грама мед
Начин на подготовка:
1. Добро истријте ги лимоните со сода бикарбона и исплакнете ги со топла вода.
2. Во сад со топла вода повторно ставете сода бикарбона и оставете ги лимоните да отстојат околу 15 минути.
3. Исечете ги на коцки лимоните и ѓумбирот.
4. Во тегла наредете ги парчињата лимон, ѓумбирот, па медот додека не ја наполните теглата. Добро затворете ја теглата, свртете ја наопаку и оставете ја да отстои еден ден.
5. Дневно консумирајте една до две лажици, со топла вода или чај.
Откако го прочитавте нашиот рецепт за јакнење на имунитетот, можеби ќе сакате да го прочитате и домашниот рецепт за подобрување на крвната слика.
Извор: atma.hr