Секоја сезона голем број светски трендсетерки од своите плакари ги вадат најудобните еспадрили и не излегуваат од нив до доцна есен. Тие се практични и лесни, а и многу поздрави за стапалата од балетанките.
Одат одлично во комбинација со секаква дневна лежерна комбинација, а можат да се искомбинираат и за нешто поофицијално со добар пар фармерки и сако.
Оваа сезона можете да одберете еднобојни кои секогаш се добра инвестиција или да бидете малку посмели и да одберете пооткачен модел по кој сите ќе се вртат.
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
