Како да престанете да се стремите кон совршенството?

Сподели

Чинот на откажување од совршенството може да биде пропратен со тешкотии и предизвици, но не и невозможен. Понекогаш, една од најдобрите работи што можете да ги направите за себе е да се откажете од совршенството, а еве на кои начини можете да го направите тоа.

Реклама

rn

1. Станете свесни дека потребата за совршенство полека се претвора во проблем

rnВеројатно сте постанале перфекционист во процесот на емотивно преживување, растење и нашредување. Сепак, без разлика на причината, оваа особина се претворила и во некаков штит преку кој се држите на дистанца од другите. Затоа, неопходно е навремено да го препознаете проблемот и полека да работите на негово решавање.rn

2. Постепено работете на промените

rnВашиот страв од промена може да стане толку значаен што самите ќе почнете да си поставувате бариери, од типот: „Нема да успее ако не го сторам тоа“. Затоа, најдобро е полека да почнете со промените.rn

3. Соочете се со строгите правила кои ги следите

rnНајверојатно досега сфативте дека овие правила навистина не помагаат и згора на тоа негативно влијаат врз вашата благосостојба. Запрашајте се себеси дали правилата го ограничуваат вашето автентично „јас“ да излезе на површина, од типот: „Никогаш не можам да покажам лутина“, или „Не можам да прекинам додека работата не е готова“.rn

4. Не игнорирајте ги потиснатите емоции

rnКако перфекционисти, сигурно вложувате голем труд да ги избегнувате „неуредните емоции“. Но, не заборавајте дека емоциите нема да исчезнат со тоа што ќе продолжите да ги игнорирате. Тие ќе демнат во позадина и кога-тогаш ќе влијаат врз вашите постапки.

Откако прочитавте како да ја надминете идејата за совршенство, можеби ќе сакате да прочитате и дека треба да живеете онака како што сакате, а не да се стремите кон совршенство.

Извор: themindsjournal.com

Популарно

Може ќе ве интересира