КАФЕ ПАУЗА

Треба да живеете онака како што сакате, а не да се стремите кон совршенство

Треба да живеете онака како што сакате, а не да се стремите кон совршенство

Written by

in

,

Во денешно време многу луѓе се стремат кон совршенство. Медиумите и целиот свет околу нас се преплавени со слики на совршени луѓе чија цел е да нѐ контролираат преку нашата самодоверба. Постојано гледаме слики од она што би можеле да го имаме и она што би требало да го посакуваме: Совршено тело, совршено семејство, совршена кариера, совршен живот, совршен дом.rnrnТреба да живеете онака како што сакате, а не да се стремите кон совршенствоrnrnПритисокот да се биде совршен е преголем. Токму поради него, луѓето се обидуваат да ги скријат сите работи што им се случуваат „зад завесите“ и го покажуваат само оној дел од нивниот живот што сакаат да биде виден. Многумина трошат голема енергија за да ги скријат сопствените недостатоци. Со цел да ги поправиме нашите мани, ние себеси си зборуваме негативно и честопати си велиме: „Зошто постојано сѐ упропастувам?“, „Јас сум толкав идиот!“, „Никогаш нема да напредувам во кариерата, бидејќи не сум доволно образуван/а“, „Никој нема да ме сака ако продолжам да се дебелеам“.rnrnТреба да знаете дека никој не е совршен, но можете да доживувате совршени искуства. Искуства што ќе ви донесат радост или ќе ве научат на некоја лекција. Животната цел не е да се постигне совршенство, туку напредок. Треба да напредувате, да созревате, да еволуирате. Кога ќе доживеете развој, ќе се почувствувате поживо. Наместо да се фокусирате на совршенството, фокусирајте се на личниот развој и на она што ве прави среќни во животот.rnrnДоколку многу често си се обраќате самите на себе со негативни зборови или постојано се обидувате да ги скриете вашите недостатоци, мора да го смените погледот кон работите. Ќе можете вистински да го засакате животот само тогаш кога ќе се чувствувате среќни, самоуверени и слободни да ги откриете сите ваши уникатни таленти и дарби кои сте ги затвориле внатре во себе. Со помош на следниве 3 чекори, ќе можете да ја смените вашата перцепција за само 30 дена…rn

1. Обрнете внимание на вашите мисли и насочете ја енергијата кон позитивните

rnДавајте ги вашата енергија, внимание и концентрација на позитивните и продуктивните мисли. Помалку енергија давајте им на негативните мисли. На пример, фокусирајте се на фактот дека сте родени за да живеете онака како што сакате, а не да трагате по совршенство.rn

2. Бидете присутни додека разговарате со луѓето

rnСлушајте го она што другите го споделуваат со вас и не чекајте да завршат со зборување само за да можете вие да ги споделите вашите мисли и искуства. Исто така, обидете се да им помогнете некако на луѓето со кои зборувате ако можете и дозволете и тие да ви помогнат вам.rnrnТреба да живеете онака како што сакате, а не да се стремите кон совршенствоrn

3. Прифатете ги вашите недостатоци и грешки како можности за развој

rnОние нешта што ги сметате за ваши недостатоци се всушност истите што ја надополнуваат вашата личност и ве прават тоа што сте. Тие се прекрасни, бидејќи благодарение на нив вие сте уникатни и посебни.rnrnВо текот на наредните 30 дена, секогаш кога некој ќе ви даде комплимент, веднаш прифатете го! Многу луѓе ги одбиваат комплиментите и воопшто не ги земаат предвид. Замислете си ја следнава ситуација: Некој ви дал подарок за роденден, а вие само го тргате на страна без да се заблагодарите. Секако дека никогаш не би го направиле тоа. Но, одбивањето на комплиментите е исто што и неприфаќањето на материјалните подароци.rnrnДарежливите луѓе ќе исчезнат, ако нема кој да ги прифати нивните дарови. Прифатете ја секоја можна дарежливост, вклучувајќи ги и комплиментите. Дозволете им на дарежливите луѓе во вашиот живот да ви подарат нешто. Во наредните 30 дена, секогаш кога некој ќе ви даде комплимент, едноставно кажете: „Ти благодарам што забележа“.rnrnНа почетокот можеби ќе ви биде чудно, но со текот на времето ќе почнете да ја прифаќате туѓата дарежливост. Но, внимавајте! Вашите чувства и вашиот живот не треба да зависат од туѓата перцепција. Треба да постои баланс помеѓу грижата за туѓото мислење и животот во согласност со мислењето на другите. Пораките што ни ги праќаат филмовите, списанијата и рекламите го отсликуваат она што го мислат другите. Но, тоа не е реално.rnrnТреба да се сакате себеси и вашиот живот. Секогаш ќе постои некој кој ќе мисли дека не живеете според стандардите, но тоа нема апсолутно никакво значење. Стремете се кон тоа да бидете среќни, а не совршени и наскоро ќе го исполните животот со радост, слобода и мир.