Освежителните десерти кои не бараат термичка обработка се совршениот избор за летните месеци. Во продолжение ви предлагаме лесен рецепт за чизкејк во чаша за кој ви се потребни само неколку состојки.rnrn
rn
Потребни состојки за основата:
rn
- rn 011
- 75 грама чајни бисквити
- 4 лажици стопен путер
- 3 лажици шеќер
rn 011
rn 011
rn
rn
Потребни состојки за мус:
rn
- rn 011
- 420 милилитри шлаг крем
- 360 грама намаз од сирење
- 280 грама крем од лимон (овошен крем кој се подготвува од јајца, путер, шеќер и лимон)
- 110 грама шеќер во прав
- 20 грама желатин
- 3 лажици свежо исцеден сок од лимон
- 3 лажици вода
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со шеќерот и растопениот путер. Добиената смеса притиснете ја на дното на чашите.rnrn2. Во мал сад истурете го лимоновиот сок и промешајте го со три лажици вода и желатин. Оставете ги состојките да се соединат околу 5 до 10 минути.rnrn3. Изматете го шлаг кремот со 55 грама шеќер во прав.rnrn4. Во друг сад измешајте го намазот од сирење со преостанатиот шеќер и лимоновиот крем.rnrn5. Смесата со желатин ставете ја во микробранова да се загрее околу 20 секунди, извадете го садот и мешајте сè додека не се растопи желатинот. Оставете го да се излади неколку минути.rnrn6. Додадете ја смесата со желатин во кремот со намазот од сирење.rnrn7. Додадете го и крем шлагот и мешајте сè додека смесата не се соедини, а потоа додадете го во секоја од чашите.rnrn8. За да згусне кремот, препорачливо е десертот да отстои во фрижидер околу три часа.rnrn9. Послужете со шлаг, мелени бисквити и овошје по желба. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за чизкејк во чаша, можеби би сакале да го прочитате и рецептот за совршени чизкејк палачинки.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hrrnrn