Постојат толку многу супермоќи коишто би сакале да ги поседуваме. Повеќето луѓе сакаат да ја имаат моќта да ги читаат туѓите мисли или да патуваат низ времето. Но, малкумина размислуваат за непријатностите што би ги предизвикале овие необични способности.rn
Телепатија
Како ја замислуваме?
rnБи било интересно да ја знаете туѓата намера во врска со вас, да читате нечии мисли и да знаете дали некој ве лажe. Однапред ќе знаете што сака да каже некој и ќе ги научите желбите и тајните на сите. Оваа моќ би ви помогнала и да спречите некое злодело.rn
Како навистина изгледа?
rnНо што е со фактот дека ќе ги слушате мислите на сите луѓе? Ова ќе биде непресушен доток на информации. Без разлика каде сте и што правите, ќе ги слушате мислите на луѓето околу вас. А овие мисли нема да течат како разговор. Луѓето брзо минуваат од една мисла кон друга. Толку многу непотребни и неповрзани информации ќе ве полудат.rn
Невидливост
Како ја замислуваме?
rnАко станете невидливи ќе можете да правите што сакате. Ќе можете да влегувате во забранети места, да се криете кога сакате и никој нема да ве фати.rn
Како навистина изгледа?
rnЌе биде навистина тешко да се движите низ толпа ако сте невидливи. Луѓето ќе ве туркаат бидејќи нема да ве гледаат. Ќе треба да бидете премногу внимателни. Покрај тоа, оваа супермоќ е ваша, но не и на вашата облека. Секојпат кога ќе бидете невидливи ќе бидете голи.rn
Телепортација
Како ја замислуваме?
rnРечиси секој сака да може да стигне од едно на друго место за само една секунда. Можете да седите дома и да гледате телевизија, а за неколку секунди да бидете во друга држава.rn
Како навистина изгледа?
rnНо, не е сè толку едноставно. Со цел да отидете на некое место нема да биде доволно само да го замислите. Ќе треба многу јасно да се замислите таму. Но што ако местото не е исто како во вашето сеќавање? Нашите умови често бришат детали и ги полнат сеќавањата со други ситници. Што ако местото се променило од последен пат кога сте биле таму? Можете да завршите никаде. Истовремено ќе треба да имате голема контрола над моќта. Ако малку залутате со мислите и се замислите на плажа, можно е веднаш да се телепортирате таму.rn
Телекинеза
Како ја замислуваме?
rnОва е моќ за мрзливите. Ќе нема никаква потреба од станување ако сте заборавиле нешто во другата просторија. Звучи интересно, зарем не?rn
Како навистина изгледа?
rnРазмислете, колку често посакуваниот предмет ќе дојде право во вашите раце земајќи предвид дека го контролирате само со вашиот ум? Постои голема можност предметот да „слета“ на вашата глава или пак да падне на подот. За оваа моќ е потребна голема самодисциплина.
Продолжува на следната страница…

