Ни претстои ретрограден Меркур: Подгответе се за хаос и проблеми!

Ни претстои ретрограден Меркур: Подгответе се за хаос и проблеми!

Меркур влегува во ретроградната фаза на секои три до четири месеци, а во наредниот период тоа ќе се случи на 10 мај и ќе трае до 3 јуни. За тоа време, Меркур ќе биде ретрограден во Близнаци и Бик. Додека е во знакот Близнаци, можете да очекувате проблеми во комуникацијата, расправии со колегите и саканите… Додека е во знакот Бик, ретроградноста на Меркур ќе влијае врз материјалните работи, приходите и расходите, но и на сликата што ја имате за себе во поглед на вашата самодоверба.

Ни претстои ретрограден Меркур: Подгответе се за хаос и проблеми!

 

Што нè чека за време на ретроградниот Меркур?

Нарушени планови

За време на ретроградното движење на Меркур, многу планови ќе бидат откажани, дури и во последен момент. Лесно може да се случи да заборавите некој важен состанок или да бидете лошо организирани, а распоредот нема да ви биде од голема корист.

Судир во комуникацијата

Меркур управува со комуникацијата, па кога се наоѓа во ретроградно движење, постои голема веројатност за појава на недоразбирања, погрешно толкување на информациите кои сте ги добиле од другите, или дури и кажување нешто што не го мислите. Затоа, размислете добро пред да зборувате и мудро избирајте ги зборовите!

Кажете не на нови проекти и договори

Во овој период астролозите не ви препорачуваат потпишување договори, донесување важни одлуки или започнување нови проекти. Голема е веројатноста дека ќе пропуштите важни детали, ќе бидете збунети, а тоа ќе придонесе да донесете лоша одлука за која подоцна ќе зажалите. Обидете се да ги одложите сите поголеми аранжмани додека не заврши ретроградното движење.

Направете резервна папка

Бидејќи Меркур управува со вашите информации, најдобро е да направите резервна копија на сите ваши датотеки во случај да се расипе вашиот телефон или компјутер.

Дали ќе се случува нешто добро во овој период?

Ретроградниот Меркур сам по себе не е лоша работа ако знаете што да очекувате и ако преземете соодветни мерки на претпазливост. Затоа, добро би било да го искористите овој период за интроспекција и да размислите за сè што моментално ви се случува.

Откако прочитавте што ќе ни донесе ретроградниот Меркур на 10 мај, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за мај 2022 во поглед на љубовта, кариерата и здравјето.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар