КАФЕ ПАУЗА

Ефектите од аерозагадувањето и совети за детоксикација на организмот

Ефектите од аерозагадувањето и совети за детоксикација на организмот

Според шокантните податоци на СЗО, 99% од светската популација дише загаден воздух. Токсините во воздухот можат да доведат до сериозни здравствени проблеми кои ќе влијаат врз кардиоваскуларниот систем и когнитивната функција.rnrnЕфектите од аерозагадувањето и совети за детоксикација на организмотrnrnВистината е дека денес сме изложени на многу отрови на кои нашето тело не секогаш може да се спротивстави. Покрај аерозагадувањето, ние се соочуваме и со многубројните токсини кои доаѓаат од разноразни хемикалии, пестициди, бои, пластики и тешки метали за кои е неопходно насочено филтрирање.rnrnНашите шест органи за елиминација на отровите – црниот дроб, белите дробови, кожата, гастроинтестиналниот тракт, лимфата и бубрезите не можат да функционираат нормално кога се справуваат со огромна количина на отрови.rnКога станува збор за аерозагадувањето, еве кои органи најмногу страдаат:rn

Бели дробови

rnКвалитетот на воздухот особено влијае врз белите дробови бидејќи тие деноноќно работат за да го филтрираат воздухот што го дишеме. Лицата со нарушен имунитет, постарите лица и децата имаат поголем ризик за заболување на белите дробови како резултат на аерозагадувањето.rn

Црн дроб

rnЧестопати црниот дроб се смета за главниот орган за детоксикација на телото со оглед на тоа дека се справува со најголем дел од отровите во организмот. Истражување покажало дека одредени честички во воздухот (емисиите на јаглероден диоксид кои се јавуваат како резултат на нецелосното согорување на фосилните горива и честичките од издувните гасови од возилата) можат да мигрираат од белите дробови во црниот дроб. Со текот на времето овие честички можат да доведат до сериозно оштетување на црниот дроб.rn

Гастроинтестинален тракт

rnИстражувањата покажале дека аерозагадувањето има силен ефект врз здравјето на цревната микробиота и ги остава липидите (особено полинезаситените масни киселини) ранливи на напади од слободните радикали. Оттука, може да се заклучи дека аерозагадувањето не само што го нарушува системот за детоксикација туку влијае и врз целокупното здравје со оглед на тоа дека здравото црево ја поддржува менталната благосостојба и го одржува имунитетот.rn

Како да го одржуваме системот за детоксикација во функција?

rnИако не можеме да го решиме проблемот со распространетото загадување, еве на кој начин можеме му помогнеме на нашето тело да ги филтрира и отстрани несаканите токсини.rnrn1. Јадете храна богата со антиоксиданси која ќе ги спречи слободните радикали.rnrn2. Нека вашата исхрана биде богата со растителни влакна кои поволно влијаат врз работата на дебелото црево.rnrn3. Внесувајте доволно течности во текот на денот за бубрезите да можат да ги елиминираат токсините преку урината.rnrnОткако прочитавте за ефектите од аерозагадувањето и начините за детоксикација на телото, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најдобрите начини за детоксикација на организмот.rnrnИзвор:  mindbodygreen.com