Без разлика колку силна љубов чувствувате или пак, колку е стабилна вашата врска, доколку не внимавате со тек на време можете да преминете во рутина која ќе влијае негативно врз вашата блискост. Во денешниот модерен свет каде што брзо се живее, а уште побрзо се љуби, често се заборава на ситниците кои се всушност клучните состојки за секоја љубов. Потребно е само мала креативност и посветеност која ќе допринесе до раѓање нова страст помеѓу вас, исто како онаа која сте ја чувствувале на почетокот на врската. Токму затоа погледнете го овој 30-дневен љубовен предизвик кој може да ви помогне да ја оживеете вашата врска.rnrn
rnrnДен 1: Започнете заедно да одите на курс, како на пример, за танцување или учење нов јазик.rnrnДен 2: Посетете место каде што никогаш претходно не сте биле. Не мора да биде ресторан или клуб, можете да го посетите и новиот парк во близина на вашиот дом за кој досега сте немале време.rnrnДен 3: Пронајдете го најдоброто место во градот од каде што можете да го гледате зајдисонцето.rnrnДен 4: Дотерајте се и излезете на некое фенси место.rnrnДен 5: Оставете му/ѝ слатка, секси или романтична порака некаде каде што лесно ќе ја пронајде.rnrnДен 6: Разбудете се малку пред алармот и изненадете го/ја со утрински секс.rnrnДен 7: Опуштете се и разговарајте цела вечер за теми за кои никогаш претходно не сте имале време.rnrnДен 8: Одете заедно на концерт.rnrnДен 9: Направете многу забавни заеднички фотографии.rnrnДен 10: Испланирајте заедничко патување, макар и до најблискиот град или село.rnrnДен 11: Прегрнете се на кауч додека гледате романтичен филм.rnrnДен 12: Бидете понекогаш спонтани и препуштете се на чувствата и нагоните без притоа да размислувате за последиците.rnrnДен 13: Во текот на целиот ден испраќајте си секси комплименти или „нечисти“ мисли.rnrnДен 14: Бакнувајте се и покажувајте ја вашата љубов во јавност.rnrnДен 15: Обидете се заедно да подготвите нешто за јадење што досега сте немале можност да го пробате.rnrnДен 16: Направете пенлива купка во када и создадете си романтични моменти заедно.rnrnДен 17: Одете на билјард, куглање…rnrnДен 18: Испробајте нови секс пози.rnrnДен 19: Поканете друг пар на вечера или во дискотека.rnrnДен 20: Купете си секси долна облека.rnrnДен 21: Изнајмете соба во хотел во вашиот или соседниот град и на една вечер избегајте од секојдневието.rnrnДен 22: Направите листа од причини зошто се сакате.rnrnДен 23: Поминете цел ден без мобилен и други видови технологија.rnrnДен 24: Разгледувајте стари слики и потсетете се на почетоците на вашата врска.rnrnДен 25: Одете на трчање, изнајмете велосипеди или пробајте заедно да вежбате во теретана.rnrnДен 26: Направете листа со песни кои ги оживуваат вашите заеднички спомени.rnrnДен 27: Поминете цел ден со вашето семејство.rnrnДен 28: Изненадете го/ја со долга масажа.rnrnДен 29: Здружете ги силите и заеднички преуредете ја собата или станот во кој поминувате најмногу време заедно.rnrnДен 30: Пуштете тивка и бавна музика и танцувајте прегрнати.
30-дневен љубовен предизвик кој може да ја спаси вашата врска од крај
