Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

Томас Санчез е роден во 1948 година во Агуада де Пасахерос, Куба. Тој е еден од најпознатите и најплатените кубански уметници. Студиите како сликар ги започнал во 1964 година на Факултетот за уметност „Сан Алехандро“ во Хавана, а подоцна и на Националниот институт за уметност.

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

Во 1980 година ја добил наградата Хуан Миро која ја доделува фондацијата Миро, а во 1984 година ја добил наградата Амелија Пелаез за делото со кое учествувал на првото биенале во Хавана. Во 1985 година била организирана неговата прва ретроспективна изложба во Националниот музеј за ликовни уметности во Хавана. Во 1989 година ја напуштил Куба за да живее во Мексико. Моментално живее во Костарика и Мексико.

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

Неговите дела се резултат на визиите и искуствата од секојдневното вежбање медитација.

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

За неговите дела Габриел Гарсија Маркез напишал: „Никој не може да избега од магијата на Томас Санчез – колку повеќе ги запознаваме неговите дела толку повеќе ги засакуваме и стануваме сè сигурни дека ако светот заслужува да биде одново изграден, тоа е бидејќи личи на неговите слики.“

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

Ние сме само зрнца песок на земјата, а овие уметнички дела нè потсетуваат на тоа

Откако ги погледнавте делата на Томас Санчез, можеби ќе сакате да ги погледнете и магичните пастелни пејзажи оживеани во природата.

Извор: designyoutrust.com

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар