Пролетна рамноденица на 20 март: Време е за ново раѓање!

Пролетна рамноденица на 20 март: Време е за ново раѓање!

Се наближува пролетната рамноденица која ќе настапи на 20 март при што Сонцето ќе влезе во првиот хороскопски знак, Овен. Овој настан ја означува промената на годишните времиња и почетокот на нова астролошка година. Астролозите не предвидуваат ретроградно движење на ниту една од планетите за оваа пролетна рамноденица. Тоа значи дека универзумот ќе ни пружи силна енергија која ќе нè придвижи напред и ќе ни даде поттик да ги правиме работите што ги сакаме.

Пролетна рамноденица на 20 март: Време е за ново раѓање!

Пролетната рамноденица носи и ново годишно време. За оние кои живеат на северната хемисфера, го означува почетокот на пролетта, а за оние пак, кои се на јужната хемисфера, го најавува почетокот на есента.

Пролетната рамноденица е и време за повторно раѓање, нови почетоци, свежа енергија и нови промени. Ќе имаме потреба да се ослободиме од непотребното и да се подготвиме за новото. Природата ќе ни биде водичот и ќе ни покаже во која насока се движат енергиите на универзумот.

Во овој период од годината можеме да ја слушнеме и мудроста на предците, духовите на природата и нашите духовни водачи кои нè водат напред и нè советуваат.

Пролетната рамноденица преставува и магичен момент на воспоставување рамнотежа меѓу темнината и светлината. Исто како и симболот на јин и јанг, ни треба темнина за да ја видиме светлината и ни треба светлина за да ја препознаеме темнината.

Токму оваа двојност е дел од нашето престојување на Земјата. Нашите животни искуства се сложени и испреплетени со чувства на болка, тага и траума, но и љубов, добрина и убавина. Можеби токму надминувањето на сите овие состојби ќе ни овозможи целосно да уживаме и да имаме поисполнет живот.

За време на оваа пролетна рамноденица, доволно е да одлучиме како сакаме да продолжиме да го живееме животот, а универзумот ќе ни ја пружи сета потребна енергија. Наша обврска е само да го направиме првиот чекор.

Целата енергија која се движи напред, одново воспоставена со новиот хороскопски циклус, е онаа која ќе нè потсети дека треба да го оставиме минатото. Ова е нова можност да гледаме напред кон иднината и она што можеме да го направиме сега, во овој момент и на ова место.

Време е за нови почетоци, но и за повеќе мир во срцето како и прифаќање на сето она што веќе се случило и останало зад нас. Време е да отвориме ново поглавје кое ќе нè одведе на патот кон среќата и мирот во себе и околу себе.

Откако прочитавте за промените што ќе ни ги донесе пролетната рамноденица, можеби ќе сакате да го прочитате и хороскопот за пролетта 2022 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар