КАФЕ ПАУЗА

8 најлоши грешки во пријателството

8 најлоши грешки во пријателството

Written by

in

,

Сите имаме пријателства кои биле прекинати поради какви било причини. Како што растеме учиме за грешките во пријателството, како и за лошите постапки и навики кои му штетат. Ова се 8 тивки разорувачи на пријателството кои ќе ве оддалечат од пријателите и може многу наскоро да направат вашето пријателство целосно да исчезне.rnrn8 најлоши грешки во пријателствотоrn

1. Вашите пријатели не ве запознаваат со нивни пријатели

rnДоколку вашите пријатели очигледно упорно одбегнуваат да ве запознаат со некој од нивните пријатели, ќе почнете да чувствувате револт. Нема да ви биде јасно зошто ве делат на тој начин, зошто не смеете да стапите во контакт со нив и дали тоа е така поради тоа што не вредите доволно, не ве гледаат како рамни со нив или нив ги сметаат за поблиски. Дали не сте доволно кул за другите нивни пријатели? Многу прашања ќе ви се вртат во глава. Доволна причина за кавга.rn

2. Често ви откажуваат во последна минута, некогаш и без да ја објаснат својата постапка

rnВо ред е. Живееме во зафатен свет во кој ретко кој може да крене глава, но да бидеме реални, зад многу „зафатен/а сум“ и „немам време“ се крие чиста себичност и незаинтересираност. Ако се грижиш за некој ќе најдеш време. Ако вашиот пријател често ги откажува плановите со вас, некогаш дури и без воопшто да се потруди да ви објасни или да се извини, можеби навистина не заслужува да ве има за пријатели.rnrn8 најлоши грешки во пријателствотоrn

3. Постојано ве држат во својата сенка

rnНе ви треба некој кој не се радува на вашиот успех и секогаш кога ќе ви тргне во животот не ве остава да бидете во центарот на вниманието ни секунда бидејќи тоа место е резервирано за него/неа. Ниту пак некој кој не го почитува она што го работите и ја смета вашата работа за небитна.rn

4. Чувствувате како постојано да се натпреваруваат со вас

rnНатпреварувањето и желбата за докажување, особено во пријателството може да биде навистина напорна, но и отровна работа. Не ви треба „пријател“ кој ве следи во чекор, чека да направите грешка за да се насити од вашиот неуспех и постојано е во битка да се докаже дека вреди.rn

5. Бараат многу внимание и пожртвуваност, но не возвраќаат со исто

rnПријателството бара многу разбирање и пожртвуваност, но и подготвеност да се возврати еднакво. Сакате да ѝ тропнете на врата на вашата пријателка со кутија чоколатца кога е тажна, но и таа мора да ви биде рамо за плачење.rnrn8 најлоши грешки во пријателствотоrn

6. Ве омаловажуваат

rnАко ве навредуваат, ви велат дека треба повеќе да внимавате на вашата тежина, дека не се трудите доволно, дека не сте доволно добри, тргнете се од отровниот пријател. Оној кој толку сака да ја згазне вашата самодоверба првично има голем проблем самиот со себе. Сеедно, не сте должни да го трпите тоа.rnrn8 најлоши грешки во пријателствотоrn

7. Се фаќаат за ситници

rnНекогаш ќе има препирања, но постојаните кавги не се во ред. Ако вашиот пријател се фаќа за ситници и постојано разгорува кавги очигледно има голем мерак за уништување на вашето пријателство.rnrn8 најлоши грешки во пријателствотоrn

8. Им зборуваат на пријателите зад грб

rnФакт: ако зборува лошо зад нечиј грб пред вас, бидете сигурни дека истото го прави зад вашиот грб.rnrn8 најлоши грешки во пријателството