КАФЕ ПАУЗА

Зошто вашата кожа „позеленува“ кога носите одреден накит?

Зошто вашата кожа „позеленува“ кога носите одреден накит?

Сигурно ви се случило кожата да ви позелени како резултат на носење одреден вид накит. Прочитајте во продолжение зошто е тоа така и како може да го спречите тоа.rnrnЗошто вашата кожа „позеленува“ кога носите одреден накит?rn

Зошто вашата кожа станува зелена при носење накит?

rnБакарот е најчестиот виновник кога станува збор за позеленување на кожата како резултат на носење накит. Доколку накитот е изработен од бакар, тој може да реагира со производите кои претходно сте ги нанеле на вашата кожа, но и со потта, и да оксидира. Кога бакарот оксидира, тој минува низ одреден тип хемиски реакции и како резултат на тоа, остава зелена трага врз кожата.rn

Дали исчезнува зелената трага?

rnДа, исчезнува. Сè додека се потите (што е неизбежно), големи се шансите вашата кожа да реагира со бакарот во вашиот накит. Доколку пак имате чувство на чешање по носење на накитот, тоа може да биде знак за алергија.rn

Како да го спречите овој несакан ефект?

rnЗа среќа, сè уште можете да го носите вашиот бакарен накит без да имате зелена кожа како несакан ефект. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа:rn

    rn 011

  • Нанесете слој проѕирен лак на местото каде што накитот ја допира вашата кожа за да има еден вид бариера.
  • rn 011

  • Редовно чистете го вашиот накит за да ги отстраните вишокот лосион, потта и нечистотијата.
  • rn 011

  • Чувајте го вашиот накит на суво место.
  • rn 011

  • Нека кожата ви биде сува кога носите накит.
  • rn 011

  • Не носете накит во топлите денови бидејќи е поголема веројатноста да се испотите.
  • rn 011

  • Не носете го накитот кога пливате или чистите.
  • rn

rnОткако прочитавте зошто вашата кожа позеленува кога носите одреден вид накит, можеби ќе сакате да дознаете и кои 4 работи го уништуваат вашиот омилен накит.rnrnИзвор: rd.com