КАФЕ ПАУЗА

Се подготвувате за планинарење? Не заборавајте ги овие 7 здрави намирници!

Се подготвувате за планинарење? Не заборавајте ги овие 7 здрави намирници!

На сите нам ни е добро познат фактот дека планинарите трошат огромно количество енергија, па затоа надополнувањето на нивните резерви е од исклучителна важност. Во продолжение проверете ја нашата листа со здрава висококалорична храна која доколку планинарите, може да ги задоволи вашите потреби без да заземе многу простор во ранецот.rnrnСе подготвувате за планинарење? Не заборавајте ги овие 7 здрави намирници! rn

Јаткасти плодови

rnЈаткастите плодови се одличен избор за планинарење. Не само што се богати со здрави масти, туку и се издржливи. Во 100 грама макадамија се содржат дури 720 калории, а во истата количина ореви пак, околу 650 калории. Бадемите пак, се помалку калорични – во 100 грама се содржат 600 калории.rn

Семки

rnСемките од сончоглед се одличен извор на незаситени масти, витамини, минерали и диетални влакна. Можат да се консумираат како ужинка или пак како додатоци во другите јадења. Во 100 грама семки има 585 калории. Покрај тоа, тие се достапни насекаде и прилично евтини.rn

Суво овошје

rnСувото овошје е добар избор доколку почувствувате потреба за нешто благо додека сте на планина. Достапни ви се разноразни видови како суви кајсии, сливи, урми, суво грозје, кои во просек имаат околу 300 калории на 100 грама. Доколку пак, сакате да ја зголемите калориската вредност на храната, а да ја намалите тежината на производите, понесете со себе чипс од банана. Во 100 грама чипс од банана се содржат дури 520 калории.rn

Овесни снегулки

rnОвесната каша е одличен избор на јаглехидрати, а во комбинација со јаткасти плодови, семки и суво овошје се претвора во моќна „калориска бомба“ без која не може да се замисли ниту едно планинарење.rn

Млеко во прав

rnВо 100 грама млеко во прав се содржат околу 499 калории. Можете да го измешате со топла вода и какао за да добиете кремаст напиток кој може да биде одличен избор за појадок.rn

Темно чоколадо

rnТемното чоколадо е една од најкалоричните намирници. Не само што има одличен вкус, туку е и богато со витамини, минерали и антиоксиданси. Во 100 грама темно чоколадо има 600 калории.rn

Маслиново масло

rnМаслиновото масло е богат извор на незаситени масни киселини и одличен додаток на многу јадења. Сепак, главниот недостаток е тоа што вообичаено се чува во стаклени шишиња кои се не се практични за носење во ранец. Затоа планинарите купуваат мали пластични пакувања со маслиново масло.rnrnОткако прочитавте кои се најздравите намирници за планинарење, можеби ќе сакате да ги прочитате и 25-те клучни совети за планинарење што секој почетник треба да ги знае.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr