Порамнување на Венера и Марс: Моќен спој на машкиот и женскиот принцип

Порамнување на Венера и Марс: Моќен спој на машкиот и женскиот принцип

Од 15 до 16 февруари се најавува порамнување на Венера и Марс во знакот на Јарец. Покрај тоа, на овој ден нè очекува и полна Месечина во Лав која ќе придонесе за активирањето на голема космичка сила. Од друга страна, оваа енергија ќе ни помогне да се ослободиме од невидливите окови и да се поврземе со нашето автентично „јас“.

Порамнување на Венера и Марс: Моќен спој на машкиот и женскиот принцип

Во митологијата, Венера се смета за божица на љубовта, а Марс за бог на воините, па така кога овие две работи ќе се спојат, резултатот е страсна и моќна енергија. Полната Месечина која ќе свети кај Лавот, ќе ја направи енергијата пожива и весела и ќе нè потсети дека е сосема во ред одвреме-навреме да им се препуштиме на задоволствата и уживањето. Ова ќе ни помогне да ја најдеме радоста во себе и целосно да се прифатиме онакви какви што сме.

Оваа енергија ќе ни биде и инспирација да се поврземе со нашето тело преку танц или преку мали моменти на нежности. Тоа ќе овозможи да се чувствуваме убаво во своја кожа и да бидеме самоуверени.

Кога Марс и Венера ќе се спојат, ги доживуваме нивните енергии преку новото будење на машките и женските принципи во нас. Венера ја претставува женската енергија, а од астролошки аспект, таа е планета на љубовта, хармонијата, парите и убавината. Токму нејзината енергија е онаа која нè инспирира да се поврземе со нашата внатрешна Божица, да ја развиеме нашата креативност, да создадеме богатство и да се опкружиме со убавина.

Од друга страна, Марс се смета за планета на храброста, бестрашноста и мотивацијата. Енергијата на оваа планета е онаа која нè инспирира да одиме напред, да ги надминеме нашите стравови и да ја пронајдеме нашата внатрешна самодоверба и сила.

За максимално да ја искористите енергијата на Венера: почнете со курс по јога, следете ја вашата интуиција, направете сè за да се чувствувате убаво, поминувајте повеќе време во природа, почнете со медитација, читајте, пишувајте поезија или приказни, одвојте време да бидете сами со себе…

За максимално да ја искористите енергијата на Марс: почнете со часови по аеробик, водете дневник, поставете си нови планови и цели, одете на планинарење, обидете се да ги надминете стравовите, поминувајте повеќе време со пријателите, медитирајте на изгрејсонце….

Откако прочитавте за порамнувањето на Марс и Венера, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 7 до 13 февруари.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар