Сонот станува јаве
rn
Режија: Драган БјелогрлиќrnrnУлоги: Милош Биковиќ, Петар Стругар, Виктор Савиќ, Арман АсантеrnrnВреметраење: 141 минутиrnrnЈазик: српски, англиски, шпански, францускиrnrnПремиера: 20 февруари 2014rnrnЖанр: комедија, авантураrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnМногу е веројатно дека веќе сте го гледале првиот дел од филмот, насловен како „Монтевидео, Бог те видео“, а можеби сте ја гледале и серијата. Во секој случај, ретко кој не ја знае приказната од вистинскиот живот за група млади ентузијасти од Белград кои, вљубени во една нова заразна игра со топка, бараат начин како да отпатуваат на првото светско фудбалско првенство. Успеваат некако да соберат пари на крајот на првиот дел и тргнуваат на долг пат кон Уругвај.rnrn
rnrnА, малиот Станоје (Предраг Васиќ) раскажувањето на нивната авантура во вториот дел ја започнува од моментот кога фудбалерите стигнуваат таму, а продолжува и завршува со натпреварите од светското првенство. А кога тие натпревари започнуваат, секој љубител на фудбалот ќе ги вклучи подобро своите сетила за да восприеми што е можно повеќе од врвната драматика, возбуда и емоции со кои режисерот Бјелогрлиќ ги пренесува натпреварите. Чиниш, Златко Калински го напишал сценариото. Дури и кога на теренот не се случува кој знае што, во овој филм тоа пак е интересно, затоа што фудбалските моменти се одлично искомбинирани со другите работи кои ги третира филмот.rnrn
rnrn„Монтевидео, се гледаме“ е филм за победите и поразите, за правдата и неправдата, за другарството и тимскиот дух, за созревањето и за тоа како еден важен животен настан може да обликува еден млад човек. Тој не е само фудбал, туку во него се вметнати и љубовните авантури на фудбалерите, нивните впечатоци од новиот свет со коишто прв пат се соочуваат и влијанието на тој свет врз нивниот поглед на светот. Сето тоа е раскажано со топол, шармантен и хумористичен (балкански) тон со кој добро се запознавме во првиот дел и кој направи со нетрпение да го очекуваме вториот. Сега веќе има место и за трет дел. Нека стигне побрзо, затоа што „Монтевидео“ е еден од оние филмови кои прави да се чувствувате убаво на крајот. Па, кој не сака да гледа таков филм?rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
