КАФЕ ПАУЗА

Неделен хороскоп од 7 до 13 февруари: Препуштете му се на непознатото!

Неделен хороскоп од 7 до 13 февруари: Препуштете му се на непознатото!

Written by

in

Прочитајте ги астролошките предвидувања за секој хороскопски знак одделно.rnrnНеделен хороскоп од 7 до 13 февруари: Препуштете му се на непознатото!rn

Овен

rnОваа недела конјукцијата на Марс со Јупитер ќе влијае поволно врз вашиот финансиски сектор, како и секторот поврзан со вашата кариера. Тоа може да значи зголемување на платата, но и можност да преминете на повисока работна позиција. Ова е една од вашите најдобри шанси за напредок оваа година, па затоа искористете ги можностите кои ви се нудат во овој период.rn

Бик

rnСамиот почеток на неделата е одличен момент да започнете со нешто ново и возбудливо. Месечината ќе биде во вашиот знак додека формира врска со Марс во Јарец. Време е да размислувате за големи подвизи и да преземете ризик што ќе ви донесе нови и неверојатни можности. Оваа година ќе биде поинаква од другите, бидејќи универзумот ќе ви даде шанса да го искусите животот и да уживате во него со ширум отворени очи.rn

Близнаци

rnДодека средбата помеѓу Меркур и Плутон ја достигнува својата кулминација оваа недела, вашата интуиција сè повеќе доаѓа до израз. Одеднаш, сите ситуации што се појавија почнуваат да имаат смисла. Но, најголема вест е дека астероидот Церес влегува во вашиот знак што значи дека во следните неколку месеци ќе чувствувате поголема потреба да се грижите за себе, почнувајќи од здравата исхрана и подобрување на менталното здравје.rn

Рак

rnВреме е да ја напуштите зоната на удобност бидејќи колку повеќе се впуштате во непознатото, толку повеќе можности ќе се појават. Ова ќе дојде до израз особено за време на викендот кога Месечината во вашиот знак ќе се поврзе со многу различни планети. На повидок е и нова љубовна романса.rn

Лав

rnОва е совршена недела за да направите големи и смели подвизи во кариерата. Ве очекуваат нови можности, а за нив подетално ќе дознаете следната недела. Не двоумете се дали да им помогнете на другите особено во поглед на напредокот на работа, затоа што тоа ќе ви послужи во иднина.rn

Девица

rnСо оглед на тоа што најголем дел од астролошките активности ќе бидат поврзани со земјените знаци, вие ќе останете фокусирани на себе, заборавајќи притоа на надворешниот свет. Постои веројатност и да бидете опседнати со нов љубовен занес и иако сè на почетокот ќе ви биде збунувачко, нештата ќе станат појасни следната недела.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn