4 романи кои вредат да бидат препрочитани
Дали имате листа на литературни дела кои можете да ги препрочитувате без да се чувствувате дека ви е здодевно? Во продолжение прочитајте ја нашата листа на 4 романи кои вреди да ги прочитате повеќе од еднаш.
1. „Браќа Карамазови“ – Достоевски
„Браќа Карамазови“ е последниот роман на Фјодор Достоевски, но и едно од најголемите достигнувања во светската книжевност. Според Сигмунд Фројд, ова е „најголемиот роман на сите времиња“ бидејќи содржи врвна психолошка анализа на природата на човекот. Колку позрели станувате, толку повеќе ја цените сложеноста и различноста на ликовите во руската литература.
2. „Животинска фарма“ – Џорџ Орвел
„Животинска фарма“ е бајка за возрасни и го прикажува отпорот против тиранијата и тоталитарните режими на сатиричен начин. Оваа книга е на 31-то место на листата на најдобри романи на ХХ век. Иако навидум претставува едноставна детска приказна, сепак се работи за многу повеќе од тоа, а секое наредно читање ќе ви помогне да откриете нови детали.
3. „Големите очекувања“ – Чарлс Дикенс
„Големите очекувања“ е дело на најуспешниот и најпознатиот англиски романописец, Чарлс Дикенс. Романот изобилува со необични, неповторливи и оригинални ликови, а приказната е полна со заплет и изненадувања што ќе ви го задржи вниманието сè до крајот.
4. „Гордост и предрасуди“ – Џејн Остин
Романот разгледува многу прашања во однос на моралот, образованието, етиката, манирите, воспитанието и бракот во англиското општество кон крајот на 19 век преку животот на главната хероина, Елизабет Бенет. Овој роман и до ден денес е еден од најчитаните, а неговата популарност меѓу модерните читатели воопшто не се намалува.
Откако ја прочитавте нашата листа со романи кои вреди да ги препрочитате, можеби ќе сакате да прочитате и зошто треба да се препрочитуваат книгите.
Извор: allwomenstalk.com