За многумина од нас првата асоцијација за Куба е градот Хавана. Но, повеќето туристи кои имале можност да ја посетат оваа земја ќе ви кажат дека вистинска кубанска магија се крие во гратчето Тринидад. Градот кој се карактеризира со мали калдрмисани улички, згради од 18 и 19 век во пастелни бои и уредени барокни плоштади, е прогласен за светско наследство на УНЕСКО во 1988 година.rnrn
rnrnДоколку поминете покрај канделабрите од ковано железо на плоштадот Мајор кон автобуската станица, ќе здогледате човек кој седи покрај количка и чкрта во својот тефтер. Неговото име е Луис Мартинез.rnrnМартинез е автор на повеќе од 3.000 песни за градови и знаменитости ширум светот. Неговата умешност се состои во тоа да го опишува секое место со прецизни и живописни детали како тукушто да го видел со свои очи. Сепак, Мартинез никогаш не ја напуштил Куба. Во изминатите 20 години тој работел како амал на автобуската станица во Тринидад, при што дење разговарал со туристите, а ноќе ги проучувал старите атласи и преку нив го „запознал“ светот.rnrn
Светскиот „патник“ кој никогаш не го напуштил својот дом
