Да, добро прочитавте. Се работи за селото Кампонг Ајер кое се наоѓа во северниот дел на Брунеј. Светските медиуми честопати го нарекуваат Венеција на исток, иако станува збор за малку поинаква верзија.rnrn
rnrnСите објекти во населбата вклучувајќи ги куќите, училишната зграда, полициската станица, музејот, болницата и џамијата стојат на потпорни столбови. Селото зафаќа површина од 10 километри квадратни и има повеќе од 10.000 жители. Самото име Кампонг Ајер означува „село на вода“.rnrn
rnrnОвде основното транспортно средство е чамецот, па така ако сакате да отидете до соседот или до некое друго место во населбата, ќе користите традиционални дрвени чамци. Иако навидум се чини дека селото живее мирно во прегратките на природата, сепак, не е имун на технологијата и модерниот начин на живот затоа што секој од жителите има пристап до вода, струја и интернет.rnrn
rnrnИсториските записи за античките водни населби сведочат за фактот дека луѓето живееле овде со векови. Во периодот кога Италијанецот Пигафета го посетил Брунеј за време на експедицијата на Магелан, тука живееле дури 25.000 луѓе во дрвени куќички на вода. Населбата исто така го преживеала јапонското бомбардирање во Втората светска војна.rnrn
rnrnДенес, селото се соочува со пад на населението затоа што сè поголем број млади се иселуваат во поголемите градови во потрага по подобар живот. Сепак, селото сè уште ја негува својата долга традиција, а тоа може да се види по украсените тераси и шарените ентериери, но и гостопримливите домаќини. Затоа не е чудо што за кратко време прерасна во туристичка атракција.rnrnОткако прочитавте за најголемото село на вода, можеби ќе сакате да прочитате и за раскошниот „женски“ дворец на вода.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Дали знаете каде се наоѓа најголемото село на вода, познато уште како и Венеција на истокот?
