КАФЕ ПАУЗА

Замок на љубовници и вдовици: Раскошен „женски“ дворец на вода

Замок на љубовници и вдовици: Раскошен „женски“ дворец на вода

Кога ќе помислиме дека сме ги виделе или сме слушнале за најубавите места во Франција, без разлика дали станува збор за замоци, градини или француската ривиера, оваа земја одново успева да нè изненади. Овој пат ве носиме на прошетка во замокот на вода кој се наоѓа во долината на Лоара. Се работи за величествен дворец чија убавина ќе ви го одземе здивот.rnrnЗамок на љубовници и вдовици: Раскошен „женски“ дворец на вода rnrnЗамокот Шенонсо е еден од најпознатите замоци во долината во северозападниот дел на земјата која го носи називот „градина на Франција“. За ова се заслужни многубројните лозја и овоштарници распослани покрај бреговите на реката, како и величествените замоци кои ја красат долината.rnrnЗамок на љубовници и вдовици: Раскошен „женски“ дворец на водаrnrnИмотот Шенонсо се споменува во 11 век, а во 16 век се споменува прекрасен замок кој се протега како мост на река. Изграден е од најголемите ренесансни архитекти од тоа време, а денес е еден од најпосетуваните замоци во Франција. Прогласен е за споменик на културата, а целиот комплекс е плод на женската имагинација.rnrnИмено, замокот бил подарок од кралот Хенри II на неговата љубовница Дајан де Поатје. Токму таа изразила желба замокот да се протега сè до другиот крај на реката и околу него да се засади бујна градина со цвеќиња и овошни дрвја. Кога кралот Хенри II починал, неговата вдовица, Катерина де Медичи, ја истерала љубовницата од имотот и го збогатила замокот со нови градини.rnrnЗамок на љубовници и вдовици: Раскошен „женски“ дворец на водаrnrnОткако замокот станал нејзина сопственост, се расчул по прославите што редовно се одржувале тука. Покрај тоа, во 1560 година овде (и воопшто во Франција) за прв пат се палеле огномети на небото. По смртта на Катерина, замокот го презела сопругата на кралот Хенри III. Но, таа набрзо паднала во депресија по смртта на нејзиниот сопруг.rnrnКралот Хенри IV го подарил замокот на својата љубовница, Габриел д’Eстрис, но бидејќи долговите и кавгите за наследство се пренесувале низ генерациите, имотот бил распродаден. Во 18 век, богаташот Клод Дупен го купил замокот и го дал под управа на неговата сопруга. Луиз Дупен била убава, интелигентна и префинета жена која на својот двор организирала книжевни средби каде присуствувале најпознатите писатели од просветителството – од Волтер до Русо. Таа дури и успеала да го спаси замокот од уништување за време на Француската револуција.rnrnВо 19 век бил наследен од страна на Маргерит Пелуз која го обновила. По неколку свечени прослави, сопственичката се нашла на работ на банкрот и затоа го продала замокот.rnrnДенес замокот е реставриран и отворен за јавноста. Тој плени со својата архитектура, па затоа не е за изненадување фактот дека овде често се снимаат филмови, а ресторанот и салонот за настани се секогаш резервирани со недели однапред.rnrnОткако прочитавте за овој преубав, раскошен дворец, ви препорачуваме да прочитате и кои 7 работи морате да ги видите и направите во Франција.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr