5 книги кои ќе ви помогнат да го подобрите расположението и начинот на размислување
Менталното здравје го заслужува истото внимание како и физичкото. Вашиот ум ќе ви биде благодарен доколку го храните со убави, позитивни мисли. Само на тој начин ќе постигнете благосостојба на телото и умот. Во продолжение прочитајте кои 5 наслови можат да ви помогнат да го подобрите менталното здравје.
1. „Книга за утеха“ од Мет Хејг
Ако ви треба утеха дека бурата ќе помине, тогаш оваа книга која е збирка со раскази, белешки и приказни на еден од најпознатите современи британски автори е одличен избор за вас. Преку многуте историски настани, научни факти, но и лични анегдоти, писателот им порачува на читателите да не заборават дека секогаш постои надеж нештата да станат подобри.
2. „Нескротлива“ од Гленон Дојл
Во својот мемоар, писателката Гленон Дојл докажува дека можеме да ги пребродиме сите тешкотии во животот само доколку не се плашиме да бидеме она што сме. Иако навидум имала сè – успешна писателска кариера, три деца и сопруг, сепак нештата не се одвивале во вистинската насока сè додека не ја запознала Аби. Оваа книга ги води читателите на нејзината потрага по среќа и патем им нуди многу корисни совети за животот.
3. „Добри вибрации, добар живот“ од Векс Кинг
Векс Кинг во оваа книга им објаснува на читателите како преку медитација можат да ги надминат неуспесите, да ги претворат негативните во позитивни мисли и да бидат среќни.
4. „Белешки за себеси“ од Конор Франта
Франта преку приказни, поезија и фотографии успева на најкреативен начин да направи самоанализа. Иако е познат по својот хумористичен пристап на социјалните медиуми, сепак во неговата книга опфаќа посложени теми како клиничка депресија, социјална анксиозност и самољубие.
5. „АБВ на љубовта кон себе“ од Мелоди Годфред
Знаеме дека не е лесно да научиме како да се сакаме себеси и да го практикуваме тоа во нашето секојдневие, но книгата на Мелоди Годфред преку интроспективни вежби, корисни совети и лични приказни, го поедноставува целиот процес.
Откако прочитавте кои 5 наслови можат да ви помогнат да го подобрите вашето ментално здравје, ви предлагаме да прочитате и кои 7 инспиративни книги ќе ви го променат светогледот.
Извор: myimperfectlife.com