10 работи што не смеете никогаш да ги кажете на пријателот кој минува низ депресија

10 работи што не смеете никогаш да ги кажете на пријателот кој минува низ депресија

Не секаде во светот депресијата е признаена како ментална болест. Напротив, голем процент од луѓето ја сметаат депресијата за нешто што е минливо и што може лесно да се реши. Честопати, кога некој од нашите најблиски ќе ни открие дека се бори со депресија, ние сме навикнати да носиме погрешни заклучоци и да ги советуваме што да прават. Во продолжение прочитајте што не треба никогаш да им кажете на вашите пријатели кои минуваат низ депресија.

10 работи што не смеете никогаш да ги кажете на пријателот кој минува низ депресија

1. „Ова е само тежок период од твојот живот. Ќе ти помине тагата.“

Доколку му кажете на некој кој е депресивен дека е „само тажен“ ја прекршувате довербата што ви била дадена. Наместо да осудувате, обидете се следниот пат да слушате кога некој ќе ви се довери.

2. „Другите поминале и низ многу полошо од ова. Животот едноставно не е фер.“

Тврдењето дека постојат луѓе кои страдаат повеќе од вашиот пријател е навреда за неговата интелигенција. Можете да му оставите до знаење дека се грижите за него и дека не е сам.

3. „Сè е во твојата глава.“

Повторно, ја омаловажувате борбата која ја води вашиот пријател, а тоа може да се одрази уште полошо врз неговата состојба. Покажувањето со прст кон него лесно може да доведе до губење на неговата самодоверба. Обидете се да му кажете дека и покрај сè нема да го напуштите.

4. „Нема причина да бидеш во депресија.“

Сосема бескорисно е кога му кажувате некому како да се чувствува. Треба да ја признаете болката на пријателот и да го потсетите дека сте тука за него.

5. „Пробај да бидеш среќен.“

Да му кажете некому дека треба да се расположи, е бесчувствително. Со тоа оставате порака дека немате желба да ги разберете чувствата на пријателот.

6. „Излези од дома, биде активен!“

Наместо да му наметнувате задачи на пријателот или да го советувате што треба да прави, прифатете го начинот на кој тој се справува со ситуацијата. Секако, можете заедно да гледате филм, да одите на прошетка или да правите нешто друго во кое тој ќе ужива.

7. „Престани да се самосожалуваш!“

Ова никако не смеете да го кажете на некој кој минува низ депресија. Депресијата не е состојба што можеме да ја прекинеме или активираме кога ќе посакаме. Наместо тоа, објаснете му на пријателот дека сте свесни за неговата ситуација и дека му стоите на располагање за каква било помош.

8. „Знам како се чувствуваш. И јас поминав низ истото.“

Забораваме дека кога некој ја споделува со нас сопствената болка, се чувствува ранливо. Пријателот не очекува од нас целосно да разбереме низ што поминува или да ги решиме неговите проблеми. Нему едноставно му е потребен некој кој ќе го ислуша и ќе го утеши.

9. „Што е проблемот? Што не е во ред?“

Важно е да знаете дека депресивната личност не може конкретно да ги опише своите чувства. Не барајте одговори, само слушајте.

10. „Правиш да се чувствувам лошо.“

Ваквиот начин на обраќање кон некој што страда од депресија е дефинитивно неприфатлив. Луѓето кои се жртви на депресија, вообичаено ја поднесуваат во тишина. Немојте да ја нарушувате нивната доверба и бидете свесни за фактот дека депресијата не е избор. Овие тешки зборови можат дополнително да ја влошат ситуацијата.

Откако прочитавте кои работи не смеете никогаш да му ги кажете на пријателот кој минува низ депресија, ви предлагаме да ги прочитате и митовите за депресијата во кои треба да престанете да верувате.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар