Богородичната црква во Париз е една од најневеројатните примери за готска архитектура. Изградена во Средниот век, со векови ги привлекува верниците и туристите воодушевувајќи ги со своите кули, прозорци и скулптури.rnrn
rnrnПокрај скулптурите од свети ликови како пророци и светци, екстериерот на катедралата има и неколку гротескни камени суштества чија цел е да ја штитат црквата од зли духови. Кога овие скулптури служат и како одвод, тие се наречени гарголи, иако овој термин погрешно се користи за сите суштества од оваа фамилија.rnrn
rnrnБогородичната црква има функционални гарголи, но и неколку декоративни скулптури наречени химера. Иако вторите не служат како одвод, и тие станале познати како гарголи и се можеби најпознатата карактеристика на катедралата.rn
Потеклото на гарголите
rn
rnrnПод водство на бискупот Морис де Сили, изградбата на Богородичната црква започнала во 1160-тите и траела речиси 200 години. На почетокот на овој подвиг, гарголите не биле одлика на француската архитектура. Но, до средината на 13-тиот век готскиот стил се прославувал со гароглите на чело.rnrnИнспирирани од старите модели најдени во храмови во Египет, Рим и Грција, архитектите од Средниот век почнале да ги вметнуваат гарголите во нивните дизајни. За наново да го осмислат овој древен концепт, тие се свртеле кон францускиот фолклор, односно кон приказна од 7-иот век. Приказната била за Свети Роман и гарголата (la gargouille), чудовиште кое блуело оган и чија глава била закована за црква и служела како одвод.rnrn
rnrnКако што готските цркви станувале поголеми, се зголемувал и нивниот одвод. Во комбинација со суеверието на католичката црква, гарголите станале совршени за оваа намена.rnrnДо крајот на изградбата на Нотр Дам во 1345-та година, на надворешните ѕидови имало дузина гарголи од варовник. Имајќи улога на заштитници и одвод, овие суштества имаат шупливо тело, долг врат и глава на животно. Често имаат крилја со пердуви, зашилени уши и канџи припиени до телото.rnrnСпоред историчарот на уметност Мајкл Камил, гарголите на катедралата се слични едни на други поради нивната краткотрајност.rnrn
rn
„Гарголите на средновековните цркви брзо се распаѓале. Ако правилно си ја вршеле работата како одводи, требало да се менуваат по околу еден век. Бидејќи не се издржливи како скулптурите на светците направени од камен, гарголите направени од варовник често биле заменувани.“
rnЗа разлика од гарголите, скулптурите познати како химера, кои се навидум незаменливи, не се оригинален дел од Богородичната црква. Тие не датираат од Средниот век, туку биле изградени во 19-тиот век.rn
Познатата химера
rn
rnrnВо 1800-тите, Богородичната црква била во криза. Бидејќи им здодеала готиката и го прифатиле барокот, Парижаните направиле петиција за уривање на катедралата. За среќа, францускиот писател Виктор Иго решил да ја спаси. Со цел да ја потсети јавноста за историската важност на црквата, тој ја напишал „Ѕвонарот на Богородичната црква“ (The Hunchback of Notre-Dame), новела што ја слави мистеријата и неверојатноста на Средновековната катедрала. Благодарение на успехот на книгата, интересот за црквата се зголемил, а кралот побарал и нејзино реновирање.rnrnВо 1844-та година архитектите Жан Батист Антоан Ласу и Јуџин Виолет ле Дук добиле задача да ја реставрираат старата катедрала. Тие ги поправиле оштетените делови и додале нови елементи вклучувајќи ги познатите 56 химери.rnrn
rnrnЗа разлика од гарголите, овие статуи не се подаваат од надворешните ѕидови, туку се наоѓаат на балконот што ги поврзува двете камбанарии.rnrnКолекцијата од химери на Богородичната црква вклучува застрашувачки животни, фантастични хибриди и митски суштества. Некои од попознатите се демонот со еден рог, хибрид од човек и коза и не толку страшен слон.rn
Гротескните суштества денес
rn
rnrnДенес посетителите можат да ги забележат и подадените гарголи и химерите. Љубопитните посетители можат дури и да се искачат во кулите и да прошетаат на балконот. Иако ќе треба да искачите 387 кружни скалила, кога ќе се соочите со овие суштества ќе сфатите дека вредело.rnrnДали знаете како навистина требало да изгледаат најпознатите градби ширум светот?