Во долината на реката Мозел во Југоисточна Германија се наоѓа гратчето Кохем. Во панорамата доминира замокот изграден во средниот век кој се издига над градот и полињата со лозје. До нив може да се стигне откако ќе прошетате покрај живописните куќи распослани покрај брегот и ќе го поминете мостот Скагерек. Друга опција е да се качите на еден од чамците што пловат по реката.rnrn
rnrnОна што не смеете да го пропуштите е обиколката на историскиот дел на Кохем каде што се сместени најважните градски знаменитости. Овде се наоѓа градското собрание од 1739 година, изградено во барокен стил. Тука се и многу добро сочуваните градски ѕидини кои во минатото го штителе Кохем од несакани посетители.rnrn
rnrnОд поранешните четири градски порти зачувани се три кои со текот на времето се претопиле во нови градби. Најголемата порта е Ендертор, изградена во 1332 година, како премин кон градот низ објект кој имал функција на затвор во средниот век.rnrn
rnrnЈужната порта наречена Мартинстор е изградена во 1352 година, а денес е служи како премин кој води до најпрепознатливиот белег на градот – замокот Кохем. Името на овој неоготски замок прв пат се споменува во 1130 година. Во 16 век бил целосно уништен од Французите, а три века подоцна, во 1868 година, бил повторно изграден.rnrn
rnrnОва гратче со идилични пејзажи има што да им понуди и на љубителите на поновата историја, а тоа е бункерот на Бундесбанката – германската централна банка. Имено, оваа банка за време на Студената војна, од страв да не остане без пари изградила систем на бункери со големина од 1.500 метри квадратни и ходници долги 300 метри. Тука се чувале околу 15 милијарди германски марки, додека во случај на војна, можеле да се сместат околу 100 луѓе.rnrn
rnrnОткако прочитавте за најважните историски знаменитости на гратчето Кохем, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 шпански градови вреди да ги посетите барем еднаш во животот.rnrnИзвор: nationalgeographic.rsrnrn
Од замок до бункер во кој се чувале милијарди германски марки: Град што е сè уште енигма за туристите
