Неверојатни детали во цртаните филмови кои сигурно не сте можеле да ги забележите

Сподели

Омилените цртани филмови прават да се чувствувате добро, особено бидејќи ја имаат моќта за миг да ве пренесат во среќното, безгрижно детство. Сега може да ви биде дури и позабавно доколку ги гледате заедно со вашите деца: заеднички ги дискутирате и откривате мали тајни. Но, се обложуваме дека сигурно не сте можеле да ги забележите деталите што ќе ви ги посочиме во продолжение.

Реклама

rn

1. „Воли“ (WALL-E)

rnКолкумина од вас забележавте дека Воли напуштајќи ја планетата, се држеше за првиот сателит лансиран од СССР?

rn

2. „Ледено доба“ (Ice Age)

rnМногу од сликите што ликовите ги гледаат во пештерите за време на нивното патување се всушност прецизни копии на цртежи врежани во карпи, стари повеќе од 15.000 години.

rn

3. „Убавицата и ѕверот“ (Beauty and the Beast)

rnКога Лумиер, Когсворт и г-ѓа Потс имаат состанок, на ѕидот може да се види познатото уметничко дело – „Девојката со бисерна обетка“.

rn

4. „Мадагаскар: Бегство во Африка“ (Madagascar: Escape 2 Africa)

rnОвој цртан изобилува со скриени пораки. На пример, кога Алекс ги поздравува жителите на Африка, можете да го забележите обликот на африканскиот континент вклучувајќи го и блискиот Мадагаскар на неговата шепа.

rn

5. „Моана“ (Moana)

rnКилимот на ѕидот го прикажува Маршмелоу, страшното чудовиште чија задача е да го чува замрзнатото кралство на Елса.

rn

6. „Аладин“ (Aladdin)

rnЛикот на Аладин бил базиран врз Мајкл Џеј Фокс („Враќање во иднината“). Поради неговото премногу младешко лице, продуцентите сепак се одлучиле ликот на Аладин да биде базиран врз Том Круз.

rn

7. „Зоотопија“ (Zootopia)

rnНа лизгалиштето можете да видите татко слон со неговите две ќерки облечени како Елса и Ана од „Замрзнатото кралство“.

Кога Џуди и Ник ќе пристигнат во нудистичкиот клуб, можете да ја видите познатата волшебна ламба на Аладин.

На информативната табла во тајната лабораторија можете да забележите пародија на фотографијата со „Тажниот Кијану“.

Доколку се забавувате откривајќи ги малите, скриени детали во омилените цртани филмови, можеби ќе сакате да направите тест каде е потребно да ја погодите бојата на објектите од популарните цртани филмови.

Извор: brightside.me

Популарно

Може ќе ве интересира