КАФЕ ПАУЗА

Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт

Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт

Written by

in

Со децении наназад танцот на шипка можел да се види најчесто во стриптиз-клубовите, каде што танчерите ја истакнувале неговата сексуална смисла, без да изведуваат никакви особени акробатски движења, туку само едноставно ја држат шипката и се лизгаат по неа, со цел да го покренат сексуалното расположение кај спротивниот пол.Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт Визуелен доказ дека танцот на шипка е спортНо, од почетокот на 21 век, танцувањето на шипка станува многу популарно, полека претворајќи се во прекрасна спортска дисциплина, која може да биде исто толку нежна како и гимнастиката и балетот. Последниве 10 години низ светот се организираат натпревари во оваа дисциплина која е своевидна акробација, бара силни мускули, одлична кондиција и длабока концентрација.Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт Визуелен доказ дека танцот на шипка е спортМеѓународната федерација на спортови на шипка (ИПСФ) започна кампања за прогласување на танцот на шипка за олимписка дисциплина, со цел тој да се најде на следната Олимпијада во Рио де Жанеиро во 2016 година. Во минатата деценија беа организирани многу повеќе натпреварувања од овој вид спорт и за жени и за мажи.Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт Визуелен доказ дека танцот на шипка е спорт Визуелен доказ дека танцот на шипка е спортНаталија Татаринтсева од Украина беше победник во женска конкуренција на Светското првенство одржано во Лондон минатата година, која покажа невидена елеганција, женственост и флексибилност во своите движења.

rnrn

rn

Од машките натпреварувачи Јевгениј Грешилов од Русија во 2011-та го освои златниот медал, со својот забавен, хумористичен, но и мажествен и моќен перформанс.

rnrn

rnСепак, ќе биде потребно време да се исфрлат стереотипите кај луѓето дека танцувањето на шипка не е ништо повеќе од перверзна танцувачка провокација за заработка на пари на стриптиз-клубовите. Дали танцот на шипка ќе стане олимписка дисциплина или не, останува времето да покаже.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.