Само во Источна Европа: Гратче чија тиркизна, дрвена црква ве води кон вселената
Во малиот украински град Перејаслав кои многумина го пропуштаат за време на посетата на Украина, се кријат вистински чуда. Освен „типичните“ музеи (иако овде ништо не е типично) поради што го нарекуваат музејски град, вреди да се спомене и Музејот за вселенски истражувања. Музеј како и сите други, ќе си речете, но занимливо е тоа што тој е сместен во една мала, дрвена црква!
Можеби додека поминувате покрај црквата, сепак, таа самата ќе ви го привлече вниманието без да знаете за вселенските мистерии што се кријат внатре во неа. Се работи за црква со тиркизна боја стара 130 години. Посветена е на Света Петка, заштитничка од болести и разни несреќи чиј култ е особено раширен кај православните народи.
Денес просториите во црквата се пренаменети за друга цел. Наместо олтар, иконостаси и исповедалница, просторот изобилува со спомените од кога СССР доминирал во универзумот. Падобран со кој тренирал Јуриј Гагарин, модели на ракети и сателити, конзерви со храна што ги јаделе астронаутите во вселената се само дел од експонатите на музејот-црква.
Музејот е основан во 1970 година и тоа во период кога наместо цркви се граделе музеи посветени на науката. Иако денес ситуацијата е поинаква, сепак овој музеј-црква не може да се пофали дека бил некогаш реновиран. Локалното население е загрижен за неговата судбина затоа што тој е единствениот таков музеј во светот, а ќе признаете дека изгледа феноменално.
Градот Перејаслав се наоѓа на брегот на реката Днепар, на околу час и половина возење од Киев. Освен музејската поставка посветена на вселенските откритија и истражувања, тука можете да најдете и вистински „славорум“ музеј на културното наследство затоа што изобилува со колекции од стари ветерници, егзотични скулптури, па дури и воени авиони во дворот… Вистинско богатство на навидум обично место!
Откако прочитавте за малиот музеј-црква во Украина и неговите вселенски мистерии, можеби ќе ве интересира да прочитате и за приказната на поранешна црква претворена во ексклузивен ресторан.
Извор: punkufer.dnevnik.hr