Отсекогаш сте посакувале да напредувате во кариерата, но не знаевте како? Во продолжение ви предлагаме 6 книги кои можат да ви послужат како вистинска инспирација за да дадете сè од себе и да го унапредите личниот развој.rnrn
rn
1. „Благодарам за фидбекот“ од Даглас Стоун и Шила Хен
rnЕдна од најважните вештини што треба да ги развиете е способноста да ги прифаќате критиките и да учите од нив. Од друга страна, знаеме дека тоа воопшто не е лесна работа. Авторите на „Благодарам за фидбекот“ директно се справуваат со овој проблем. Оваа книга нуди и моќни совети за тоа како да се справиме со бурите во животот.rnrn
rn
2. „Вештини плус: Професионален развој во 21 чекор“ од Крис Вотсон
rnКнигите што ја истражуваат тематиката на кариерниот развој во најголем дел од случаите не нудат практични и остварливи предлози. Ние сепак најдовме исклучок, а тоа е книгата „Вештини плус: Професионален развој во 21 чекор“. Книгата содржи дури 840 техники и алатки што ќе ви помогнат во професионалниот развој и ќе ви ги дадат вистинските насоки. Секое поглавје се фокусира на една од 21 вештини и нуди 40 практични идеи за нивно усовршување.rnrn
rn
3. „Лидер: Спознај ги, сакај ги и биди им инспирација на твоите луѓе“ од Кејти Гренвил Чапман и Еми Битстон
rnДали ви е тешко да управувате со тим? Оваа книга истражува како добрите лидери им помагаат на своите тимови да успеат преку наоди од невронауката и примери за успешно лидерство. Книгата ја сочинуваат три клучни принципи: спознај ги, сакај ги и инспирирај ги своите луѓе. На крајот од книгата ќе најдете практични активности што ќе ви помогнат да размислите за вашиот напредок и напредокот на вашиот тим.rnrn
rn
4. „Бидете храбри, а не совршени: Помалку стравови, повеќе падови и поголема храброст“ од Решма Саујани
rnСите ние се криеме под стравот од неуспех. Но, што ако не беше така? Решма Саујани, извршен директор на невладината организација Girls Who Code е авторката на оваа книга што нè учи зошто поважно е да бидеме храбри отколку совршени. Книгата нуди и совети што ќе ви помогнат да научите како да престанете да се обвинувате за грешките и само да дишете.rnrn
rn
5. „Како да го дочекате поразот: Сè што ме научија нештата што тргнаа во погрешна насока“ од Елизабет Деј
rnЕве уште една книга за тоа како да се соочите со неуспехот, наместо да се криете од него. Дел од книгата го сочинуваат мемоари, а дел е вистински манифест. Нејзина водечка мисла е дека неуспехот нè прави посилни. Преку поглавјата за работата, спортот, семејството, децата, оваа книга ни посочува како да не се плашиме од сопствените грешки туку наместо тоа, да учиме од нив.rnrn
rn
6. „Луѓе: Од А до Ш“ од Мет Хејг
rnУспехот е длабоко поврзан со покажувањето емпатијата кон другите. Овој забавен водич на човечката раса ќе ви помогне да ги протолкувате нејзините изреки, да разберете концепти како на пример „демократија“ или „кауч“ и да ги разберете навиките и бизарните обичаи на луѓето. Вистински водич за преживување, „Луѓе: од А до Ш“ ги разоткрива сите необичности, чудесии и особености на хомо сапиенсот.rnrn
rnrnОткако прочитавте кои книги можат да ви помогнат во професионалниот развој, ви препорачувате да ги усвоите и универзалните животни лекции од најпродаваните книги на сите времиња.
