Како темното чоколадо може да ви помогне кога сте депресивни?

Како темното чоколадо може да ви помогне кога сте депресивни?

Добри вести: едно неодамнешно истражување во кое биле опфатени 13.000 возрасни Американци покажало дека луѓето кои јаделе темно чоколадо во последните 24 часа биле 70% помалку склони кон депресија.

Придобивките не се должеле само на задоволството од вкусот бидејќи истите ефекти не се постигнале со консумирање млечно чоколадо кое многумина го претпочитаат. Можеби ќе си речете дека луѓето кои се стремат кон здрав начин на живот веројатно и консумираат темно чоколадо. На крајот на краиштата, повеќето од нас знаат дека темното чоколадо може да спречи кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, когнитивни нарушувања и многу други болести.

Но, за разлика од другите истражувања, овие научници испитувале и други фактори кои го одредуваат начинот на живот, како физичка активност, пушење, алкохол, консумирање шеќер и број на калории кои се внесуваат дневно во организмот. Исто така земени предвид биле и возраста, полот, брачниот статус, образованието, приходите, телесната тежина и присуството на хронични заболувања. На крајот било лесно да се дојде до заклучок.

Уште подобро е што не постои некаква реална закана за вашиот струк затоа што доволна е мала количина темно чоколадо за да се постигнат овие антидепресивни ефекти. Во просек, испитаниците јаделе околу 15 грама дневно. Квалитетот на темното чоколадо исто така не играл улога: не мора да купувате скапи брендови кои ветуваат висок процент на какао.

Кои состојки во темното чоколадо имаат антидепресивни ефекти?

1. Флаваноли

Ова се хранливи материи што го штитат мозокот, а исто така се присутни и во црвеното вино, бобинките, јаболката, цитрусното овошје, зелен и црн чај.

2. Кофеин и теобромин

Овие состојки брзо делуваат врз подобрување на расположението и когнитивните процеси. Какаото е главен извор на теобромин, додека пак освен во кафето, кофеинот е присутен и во многу други намирници.

3. Н-ацилетаноламини

Оваа масна киселина предизвикува еуфорични ефекти и е ветувачка во однос на лекувањето на бактериски, габични и вирусни инфекции. Исто така, има антивоспалителни, антибактериски и антивирусни својства.

4. Фенилетиламин

Фенилетиламинот го зголемува лачењето на допамин, невротрансмитер што го подобрува расположението и е одговорен за мотивација и фокусираност.

Откако прочитавте за ова истражување, ви предлагаме рецепт со топло чоколадо и рум.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар