Умереното пиење кафе го намалува ризикот од развој на рак на црниот дроб, покажува едно британско истражување.rnrn
rnrnНаучниците од Универзитетот во Единбург и од Универзитетот во Саутемптон ги проучувале медицинските податоци на речиси половина милион здрави луѓе и заклучиле дека „пиењето секаков вид кафе го намалува ризикот од развој на хронични заболувања на црниот дроб“.rnrnОливер Кенеди, главниот автор на истражувањето чии резултати беа објавени во списанието „BioMedCentral“, вели дека кафето може да биде „потенцијално средство за спречување хронични заболувања на црниот дроб“.rnrnЛуѓето кои консумирале кафе умерено имале за 20 проценти помал ризик од развој на замастен црн дроб и 49 проценти помал ризик од смрт од некои хронични заболувања на црниот дроб, во споредба со луѓето кои не пиеле кафе.rnrnНо, научниците истакнуваат дека и во овој случај, клучна е умереноста.rnrnСпоред научниците, за црниот дроб е најдобро да пиете три до четири шолји кафе дневно.rnrnПрочитајте зошто кафето наутро може да биде подобро од чајот.
Поради оваа причина ќе ја цените утринската шолја кафе уште повеќе
