Се сеќавате на „Галебот Џонатан Ливингстон“? Јас не. Многу јасно со оглед на тоа дека беше нешто што мора да се прочита, некое си задолжително четиво во осмолетка, а станува збор за книга за галеб којшто сакал да стане летечки виртуоз. Веројатно сум ја читала со скокање по три страни па сега се соочувам со хендикепот да не знам всушност какво ремек-дело напишал Ричард Бах. rnrnНо, се поправив. Google ме подучи зошто е важна книгата за галебот, а сама сфатив зошто е важен Ричард Бах откако ја прочитав „Лет над облаците“ (или „Hypnotizing Maria“ во оригиналната верзија).rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnОние кои знаат по нешто за Ричард Бах со сигурност се запознаени со неговата пасија за летањето, која се рефлектира во секоја негова книга (уште еден „аха момент“ за мене, а поврзан со приказната за галебот) и која очигледно е инспирација и за „Лет над облаците“. Очекувано, главниот лик во книгата, Џејми Форбс, е пилот кој го запознаваме во доста херојска сцена уште на почетокот на ова необично дело. Имено, Џејми лета со неговиот авион кога од радиото слуша испаничен женски глас кој тврди дека нејзиниот маж е мртов. На несреќа на жената, токму нејзиниот маж бил пилотот кој го управувал нивниот авион, а таа нема никаква идеја како се лета со него, или со каков било друг авион кога сме кај прашањето. Џејми со својот смирен став и одлични способности ѝ помага на жената безбедно да слета. Утредента по овој несекојдневен настан, Џејми чита статија од весник во која жената изјавува дека пилотот ја спасил, буквално ја хипнотизирал со неговите зборови и на тој начин слетала безбедно.rnrnrnИзборот на зборовите на жената, дека Џејми ја хипнотизирал, му будат спомен од настан кој засекогаш му го менува животот и начинот на кој ги разбира нештата околу него. Џејми бил дел од претставата на Големиот Блексмит – хипнотизер кој само со неколку збора го натерал да верува дека е заробен во подрум обложен со камен и без излез, за Џејми подоцна да сфати дека е всушност на сцена и сето тоа се случувало само во неговата глава. Години подоцна Џејми се сеќава на ладниот и цврст камен, на болката во дланките по удирањето, на паниката дека не може да го пронајде излезот и на запрепастувањето кога раката на Блексмит минува низ „ѕидот“ и го извлекува Џејми надвор од затворот кој всушност постоел само во неговите мисли.rnrn
rnrnОвие две невообичаени искуства предизвикуваат низа настани кои драстично го менуваат начинот на којшто Џејми размислува за животот и за светот околу него, започнува да се прашува за случајностите и судбината, за тоа како хипнотичките сугестии на сѐ околу нас го обликуваат нашиот живот, верувања и однесување.rnrnКнигата ги истражува најдлабоките духовни и филозофски прашања за постоењето на човекот и настрана фасцинантната приказната која Бах ја користи за да го пренесе сето тоа, сѐ се сведува на едно прашање кое барем еднаш на сите ни паднало на памет „Што ако ништо околу нас не е вистинско?“rnrnrn
„Илјадници, милиони сугестии, вистинско море сугестии што ги прифаќаме, обожаваме, разумни, неразумни, сугестии што ги одбиваме и занемаруваме… а сите тие, невидливи, се слеваат низ мене, низ секое човечко суштество, низ секое животно, секој облик на живот на Земјата: мораме да јадеме и да спиеме, мораме да чувствуваме топлина и студ, болка и задоволство, мораме да ги слушаме отчукувањата на срцето, да дишеме воздух, да ги научиме сите закони на физиката и да ги почитуваме, мораме да ги прифатиме сугестиите дека ова е единствениот живот што постои, што некогаш постоел и што некогаш воопшто ќе постои.“
rnБи требало да сте сериозно спремни за анализа и себеистражување кога во раце земате ваква книга. Но со „Лет над облаците“ тоа всушност и не е важно. Бах ве хипнотизира и ве вовлекува во приказната сакале вие или не. А слично како Блексмит, со последната страница ви подава рака преку ѕидот и ве остава соголени, но овој пат сами пред себе.
rnrnИ за крај, реченицата која ме зароби:rnrn
„Не сакајќи да излезат будали, мнозинството луѓе ја прифаќаат сугестијата дека се само едно тело што го троши времето додека времето не ги истроши нив.“
rnrn
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk
