Овесот е житно растение кое потекнува од Русија, но во поново време се произведува и во САД, Канада и дел од земјите на Европа. Од останатите житни растенија се издвојува по количеството влакна кои ги содржи, огромната хранлива вредност и други позитивни ефекти по здравјето. Токму поради неговиот состав, привлекува големо внимание и е тема на многу студии кои ја покажуваат поврзаноста на овесот со здравјето. Еве неколку причини зошто овесот да биде вашиот нов здрав појадок!rnrn
rn
1. Го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта
rnВисокото ниво на холестерол во крвта е познато како „проблем на денешницата“ кој не бира возраст, пол и раса и многу често е на листата ризик фактори за кардиоваскуларни заболувања.rnrnХолестеролот во крвта е во форма на LDL (лош холестерол) и HDL (добар холестерол). Позитивно е кога имаме ниски нивоа на LDL и високи нивоа на HDL – тоа значи дека нивото на холестерол во крвта е нормално и дека ризикот за кардиоваскуларни заболувања е низок. Овесот се вбројува на листата намирници кои го намалуваат нивото на LDL поради високото ниво на специфични влакна – бета-глукани.rnrn
rnrnУште еден заклучок кој може да го изнесеме од тука е дека ниското ниво на LDL во крвта влијае позитивно врз крвниот притисок и го намалува ризикот за развој на коронарна болест на срцето.rn
2. Го намалува ризикот за развој на колоректален карцином
rnКолоректалниот карцином е сѐ почеста појава кај пациентите, особено во Велика Британија и Холандија. Тоа ги натерало овие научници да истражат дали консумирањето повеќе храна богата со влакна ќе го намали ризикот. Меѓу храната која ја јаделе испитаниците бил овесот. Резултатите покажале дека само 10 грама повеќе храна богата со влакна дневно, го намалува ризикот за развој на колоректален карцином за 10%.rnrn
rn
3. Помага при варење на храната
rnБогатата хранлива вредност на овесот го прави одлична замена за квалитетен појадок. Денес постојат многу рецепти за комбинација на овесот во слатки и солени рецепти. Повторно, влакната кои ги содржи овесот помагаат за подобро варење на храната, ја подобруваат работата на цревата и го олеснуваат нивното празнење. Луѓето кои редовно го користат овесот, сведочат дека се чувствуваат подобро, немаат проблем со надуеност или чувство на тежина во стомакот.rnrn
rn
Автор: Катерина Каланоска