5 италијански плажи во кои уживаат „само“ локалните жители

5 италијански плажи во кои уживаат „само“ локалните жители

Иако во денешно време, со брз интернет и социјални мрежи ретко нешто може да биде скриено од љубопитните, некои места во Италија не се многу популарни меѓу патниците. Ако сакате да пливате и да се сончате на плажите на коишто доаѓа претежно локално население, еве го списокот.

Сан Фрутуозо, Лигурија

5 италијански плажи во кои уживаат „само“ локалните жители

Ако сте сместени во Портофино, вреди да го посетите заливот Сан Фрутуозо. Овде можете да уживате во невообичаена околина – лежење на плажа покрај прекрасното море во подножјето на опатијата Л’абазија ди Сан Фрутуозо ди Каподимонте, која датира од 10-тиот век.

Кала Мар Морто, Тоскана

5 италијански плажи во кои уживаат „само“ локалните жители

Кога ќе се заситите од истражување на катедралата во Фиренца, Кривата кула во Пиза и другите туристички бисери во Тоскана, патувајте до полуостровот Монте Аргентарио, кој крие неколку погодни места за уживање во морски активности. Плажата Кала Мар Морто е чест избор кај локалното население.

Фронтоне, островот Понца, Лацио

5 италијански плажи во кои уживаат „само“ локалните жители

Понца е најголемиот остров во Понтинскиот Архипелаг во Тиренското Море и изобилува со прекрасни места за пливање и сончање. Локалните жители ја сакаат плажата Фронтоне.

Баја дел Буон Дормире, Палинуро, Кампанија

5 италијански плажи во кои уживаат „само“ локалните жители

Осумдесет километри југоисточно од Салерно, во регионот Кампанија, лежи Палинуро кој привлекува многу погледи со својата карактеристична убавина. За плажата Баја дел Буон Дормире, локалните жители тврдат дека е рај на Земјата.

Песочни дини Кампомарина, Апулија

5 италијански плажи во кои уживаат „само“ локалните жители

Кристално чистото море и високите песочни дини кои се протегаат со километри се гордост на италијанскиот град Кампомарина во регионот Апулија. Ако имате можност, задолжително посетете ги.

Погледнете ја оваа егзотична дестинација која ги крие најубавите плажи во Португалија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар