КАФЕ ПАУЗА

Избегнувајте ги: Намирници што не треба да ги јадете пред пливање

Избегнувајте ги: Намирници што не треба да ги јадете пред пливање

Не треба да влегувате во вода барем половина час по оброкот, а има и одредени намирници што е подобро да се избегнуваат пред пливање. Овие намирници може да ви го уништат разладувањето во водата ако ги консумирате пред пливање.rnrnИзбегнувајте ги: Намирници што не треба да ги јадете пред пливањеrn

1. Зачинета храна

rnБидејќи телото е претежно во хоризонтална положба додека пливате, киселинскиот рефлукс може да биде проблем, а зачинетата храна може да го направи тој проблем уште полош. Затоа, пред пливање, не консумирајте лути сосови, пиперки и друга храна што може да ви создаде непријатности.rn

2. Овошни сокови и газирани пијалаци

rnНаместо овошни сокови и газирани пијалоци што може да предизвикаат надуеност и грчеви, освежете се со вода пред пливањето. Составот на овошните сокови и на газираните пијалоци создава притисок врз надворешниот слој на абдоминалниот ѕид, што може да ви го отежни пливањето.rn

3. Алкохол

rnАлкохолните пијалаци ја намалуваат можноста за реакција и проценка, а тоа може да биде особено опасно кога станува збор за влегувањето во вода. Затоа, најбезбедно е целосно да избегнувате алкохол пред да влезете во вода.rn

4. Мешунки

rnГравот и мешунките, како што се леќата и грашокот содржат многу растителни влакна што се добри за здравјето, но можат да предизвикаат надуеност, запек и грчеви, кои може да го уништат вашето летно уживање.rn

5. Енергетски пијалаци

rnКонсумирањето енергетски пијалоци може да предизвика дијареја или гадење додека сте во вода, а постои и ризик од дехидратација.rnrnПрочитајте зошто пливањето е добро за вашето здравје.