КАФЕ ПАУЗА

5 филмови што ќе ви го подобрат расположението

5 филмови што ќе ви го подобрат расположението

Written by

in

,

Овие 5 филмски класици, во форма на романтични комедии и драми, ќе ве излечат од досадата и од лошото расположение.rn

1. „Слободниот ден на Ферис Булер“ („Ferris Bueller’d Day Off“)

rnhttps://youtu.be/K-X2XzKqBiErnrnВо овој филм се зборува за тоа како да се каже едно големо „не, благодарам“ на рутината на секојдневниот живот. Тројца богати тинејџери од Чикаго го прескокнуваат училиштето во име на борбата против системот, досадата и покорноста, а неверојатната мода од 80-тите е причина плус да го гледате овој филм.rn

2. „Гранд хотел Будимпешта“ („The Grand Budapest Hotel“)

rnhttps://youtu.be/1Fg5iWmQjwkrnrnКога животот забавува, најдобриот начин за стимулирање на умот е приказна што ги буди сите сетила. Ако приказната за Густав Х, портир кој по грешка бил фатен за убиство, не е доволна да ве размрда, тогаш ќе бидете инспирирани од незаборавните ентериери и фасадите на далечните места.rn

3. „Нотинг Хил“ („Notting Hill“)

rnhttps://youtu.be/4RI0QvaGoiIrnrnДали има подобро бегство од секојдневниот живот од брилијантна љубовна приказна? Одговорот е не, а Нотинг Хил носи порака дека љубовта може да победи сè.rn

4. „Потрага по среќа“ („The Pursuit of Happyness“)

rnhttps://youtu.be/DMOBlEcRuw8rnrnАко веќе долго време не сте плачеле и сакате да се исчистите од насобраните негативни емоции, овој филм ќе ви помогне во тоа. Оваа срцепарателна приказна со Вил Смит во главната улога носи триумф со тотален пресврт во тешкотија што изгледа безнадежна.rn

5. „Свадбата на мојот најдобар пријател“ („My Best Friend’s Wedding“)

rnhttps://youtu.be/P2segbP94SErnrnОвој филм е мелем за душата, срцето, но и за очите. Џулија Робертс и Камерон Дијаз ја демонстрираат извонредната мода од деведесеттите додека ве водат низ оваа романтична комедија што ќе ве опушти и ќе ги протера сите лоши мисли од вашата глава.rnrnПогледнете ги и овие 4 филмови што го слават животот и сите негови убавини.