Овие раси кучиња повеќе сакаат да лежат на каучот отколку да бидат надвор

Овие раси кучиња повеќе сакаат да лежат на каучот отколку да бидат надвор

Овие раси кучиња бараат помалку простор за трошење на својата енергија и се благодарни што ги чувате внатре. Ова не значи дека воопшто не им требаат внимание и грижа, туку дека се малку помирни од другите кучиња. Сепак, тие ќе сакаат да одат на прошетка, но исто така ќе ви прават друштво додека ги гледате омилените серии.

Булдог

Овие раси кучиња повеќе сакаат да лежат на каучот отколку да бидат надвор

Потребна им е физичка активност за да немаат проблеми со вишокот килограми, но не смеете да претерувате. Тие знаат да бидат чувствителни на долго изложување на сонце и високи температури, а најмногу сакаат да лежат на каучот.

Чивава

Овие раси кучиња повеќе сакаат да лежат на каучот отколку да бидат надвор

Тие ќе ве следат на секој чекор додека сте во вашиот дом и со задоволство ќе излегуваат на кратки прошетки, но не им требаат многу активности.

Чау чау

Овие раси кучиња повеќе сакаат да лежат на каучот отколку да бидат надвор

Овие кучиња се малку поголеми, но не сакаат да се движат премногу и да играат со странци и со други кучиња. Тие сакаат да поминуваат многу време со своите сопственици, кои им се неизмерно посветени и на многу начини личат на домашни мачки.

Тулеарско кадраво куче

Овие раси кучиња повеќе сакаат да лежат на каучот отколку да бидат надвор

Овие кучиња се активни и сакаат да играат, но сите нивни потреби може да се задоволат и внатре. Единствено им е важно да им набавите многу играчки за да не им биде здодевно.

Малтезер

Овие раси кучиња повеќе сакаат да лежат на каучот отколку да бидат надвор

Овие кучиња се приспособуваат на вашиот животен стил и не се премногу гласни. По природа се мирни, сакаат да ви прават друштво во што и да правите и ќе ви бидат благодарни за вниманието.

Мопс

Овие раси кучиња повеќе сакаат да лежат на каучот отколку да бидат надвор

Треба да вежбаат многу за да останат во форма, но не премногу, за да не се преморат. Тие претставуваат една од најпопуларните урбани раси поради својата приспособливост, но и посветеноста кон сопствениците.

Шар-пеј

Овие раси кучиња повеќе сакаат да лежат на каучот отколку да бидат надвор

Овие кучиња им се многу лојални на своите сопственици и ќе се обидат да ги заштитат по секоја цена затоа што не сакаат премногу непознати луѓе. Важно е да бидат во контакт со други кучиња додека се мали и да бидат добро дресирани за да не станат агресивни и недоверливи.

Басет

Овие раси кучиња повеќе сакаат да лежат на каучот отколку да бидат надвор

Треба да го носите на прошетка барем еднаш во денот, а кучето ќе ужива во тоа, но кога ќе се врати дома, веднаш ќе почне да дреме.

Овие 10 раси кучиња изгледаат како меки топчиња, дури и кога ќе пораснат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар